Верзија на артиклот 2021.117.0

Известување за приватност за Volvo Car

Важи од:

Објавено на:

Ова известување за приватност објаснува како Volvo Cars (како што е дефинирано подолу) ги обработува податоците што се создадени од автомобилот, кога корисниците користат возило Volvo и поврзаните услуги што ги обезбедува Volvo Cars.

Овој документ ја објаснува само обработката на личните податоци што се поврзани со карактеристики на најновите модели на автомобили Volvo, но овде нема да најдете објаснување за самите карактеристики – за тоа, погледнете во сопственичкиот прирачник за релевантниот модел. Имајте предвид дека ако има некаква разлика помеѓу ова известување и сопственичкиот прирачник што се однесува на обработката на личните податоци, предност ќе има ова известување. Дополнително, бидејќи прирачникот ги објаснува сите карактеристики, во него ќе бидат вклучени укажувања за податоци што се обработуваат и за други карактеристики освен оние подолу – причината за тоа е што тие карактеристики користат локална обработка (податоците не го напуштаат автомобилот) и затоа не претставуваат обработка на лични податоци од страна на Volvo Cars или што тие се однесуваат на обработката на личните податоци од други лица како посебни контролори (на пример, Google во случај на системот за инфозабава Android Automotive).

Исто така, бидејќи обработката на податоците зависи од услугите со кои е опремен автомобилот и од услугите што вие избирате да ги активирате, овој документ го претставува најширокиот можен степен на обработка. Не треба да се споменува дека ако имате постар модел на автомобил или ако новиот модел не е опремен со одредена карактеристика, нема да се врши обработка на податоците поврзана со таа карактеристика.

Ова известување за приватност не важи за следново:

  • Специјални возила (на пример, полициски автомобили);
  • Обработка на личните податоци што не го напуштаат автомобилот (локална обработка);
  • Обработка на личните податоци кога комуницирате со еден од нашите продавачи (на пример, кога купувате автомобил);
  • Вашето користење на софтверот и кои било апликации/услуги од други лица во автомобилот (како што се Google Automotive и какви било апликации во системот за инфозабава во автомобилот);
  • Вашето користење на мобилните апликации што ги обезбедува Volvo Cars, како што е апликацијата Volvo On Call/Volvo Cars;
  • Вашето користење на услуги со додадена вредност од други лица базирани на податоците од автомобилот (на пример, осигурување за кое плаќате според возењето);
  • Обезбедувањето на услугата за интернет во автомобилот, што ја обезбедува операторот на мобилната мрежа независно од Volvo Cars.

Подолу може да најдете:

  1. Кој е одговорен за обработката на вашите лични податоци;
  2. Кои лични податоци ги собираме и што се случува со нив;
  3. Вашите права во врска со обработката на личните податоци
  4. Информации за контакт
  5. Промени на ова известување

1. Кој е одговорен за обработката на вашите лични податоци

Правното лице што е одговорно за обработка на личните податоци што се наведени подолу е Volvo Car Corporation, со свое седиште на Assar Gabrielssons Väg, SE-405 31 Гетеборг, Шведска, со регистрациски број на компанијата 556074-3089, понатаму во текстот „Volvo Cars", „ние" или „нас". Во некои ситуации, обработката на личните податоци има заеднички контролори, кои се идентификувани во соодветните делови. Сепак, во сите ситуации заедничките контролори се согласуваат дека информациите ви ги доставува Volvo Cars и дека може да ги примените вашите права (погледнете го Делот 3 подолу).

2. Кои лични податоци ги собираме и што се случува со нив

2.1. Обработка на лични податоци додека возите

2.1.1. Анализа на податоците од возилото

Ги обработуваме податоците од возилото (наведени подолу) за да добиеме статистички информации за нашите возила и како тие се користат. Ги користиме овие информации за истражување и развој на производи, конкретно за да го подобриме и да го следиме квалитетот на возилата и нивните карактеристики за безбедност. Исто така, тие служат и за да се управува со гарантните обврски на Volvo Cars и за да ги почитуваме нашите законски барања во врска со пријавувањето на издувните гасови.

Категории на податоци што се користат:

  • Идентификациски број на возилото (VIN);
  • Идентификаторите на верзиите на хардверот и софтверот на возилото;
  • Кодови на проблемите од дијагностиката (DTC);

Volvo Cars ги собира и следниве информации за високонапонската батерија на возилото (таму каде што е соодветно):

  • Идентитетот, капацитетот и здравствениот статус на високонапонската батерија на возилото;
  • Пазарни информации за возилото;
  • Информации за станици за полнење (на пример, статус на достапност, тип напојување, ИД на столбот итн.);
  • Дијагностички податоци во текот на полнењето (на пример, траење, состојба на напонот, променливост на струјата итн.).

Законската основа за обработката на горенаведените податоци е вашата согласност (Член 6(1)(а) од GDPR).

Идентификацискиот број на возилото (VIN), Идентификаторите на верзиите на хардверот и софтверот на возилото и Кодови на проблеми од дијагностиката (DTC) се задржуваат 2 години, додека информациите за високонапонската батерија на возилото се задржуваат за време на животниот век на батеријата.

Во случај на хибридни или електрични возила, Volvo Cars и Polestar Performance AB (шведска компанија со седиште во Гетеборг, Assar Gabrielssons Väg 9, SE-405 31, Sweden, понатаму во текстот „Polestar") ги споделуваат податоците од анализата од нивните возила. Податоците од анализата што се разменуваат помеѓу Volvo Cars и Polestar, како што е наведено погоре, се чисто од техничка природа и не вклучуваат конкретни податоци за корисниците. Податоците од анализата што се собрани преку платформите на Volvo Cars и Polestar се разменуваат помеѓу двете компании со цел подобрување и следење на квалитетот на возилото, перформансите на електричните и хибридните карактеристики и безбедносните карактеристики.

Како таканаречени заеднички контролори според GDPR, Volvo Cars и Polestar се заеднички одговорни за оваа обработка на податоците од анализата. Volvo Cars и Polestar се согласуваат дека Volvo Cars е одговорен за обезбедување информации на неговите корисници и дека соодветните права што се дадени според GDPR ќе ги применуваат корисниците на Volvo во врска со Volvo Cars. Може да прочитате за ова во Дел 3 подолу (Кои права ги имате во врска со обработката на податоците што ја вршиме).

2.1.2. Ажурирања на софтверот преку етер

За да може да го одржуваме софтверот на возилото и директно да ги обезбедиме неопходните ажурирања на софтверот, ги обработуваме следниве податоци:

  • Идентификациски број на возилото (VIN);
  • Верзијата на софтверот на возилото;
  • Кодови на проблеми од дијагностиката; и
  • Датумот на производство на возилото.

Ги обработуваме податоците што се наведени погоре ако се согласите со тоа (Член 6(1)(а) од GDPR). Ако ги одбиете ажурирањата преку етер, нема да може да ги користите нашите услуги за ажурирање или нема да може да ги користите во целост. Исто така, неажурирањето може да го зголеми ризикот од инциденти во врска со кибернетската безбедност, слично како кај сите други паметни уреди. Имајте предвид дека може да изберете овие ажурирања да ви бидат инсталирани во некој од нашите сервиси.

Ќе водиме евиденција за ажурирањата на софтверот што се извршени на автомобилот во текот на целиот животен век на возилото.

2.1.3. Поврзана безбедност

Нашите возила се опремени со дополнителна функција за безбедност, Поврзана безбедност, што ве информира за постојната состојба во сообраќајот на маршрутата. Овие информации се засноваат врз комуникацијата помеѓу вашиот автомобил и другите возила во кои исто така е активирана Поврзана безбедност (автомобили и камиони Volvo). Овие информации се користат за да се достават рани предупредувања за возачот за промените на условите на патот преку прикажување на соодветни предупредувања, што ќе им овозможат на возачите соодветно да го приспособат стилот на возење. Информациите кои вклучуваат лични податоци, особено идентитетот на возачот, не се разменуваат меѓу уредите. Сепак, ако трепкачите за предупредување за опасност се активирани на вашето возило или ако вашето возило открие намалено триење меѓу гумите и коловозот, информациите за ова може да се испратат до возила што се приближуваат до позицијата на вашето возило.

Услугата Поврзана безбедност ќе ви доставува предупредувања за претстојни опасности на патот (на пример, лизгав пат, предупредувања за трепкачи за опасност) и ќе собира податоци од вашиот автомобил и ќе го достави до услугата следново:

  • Идентификациски број на возилото (VIN)
  • Информации за интернет-поврзувањето (Wi-Fi/PSIM/Bluetooth)
  • Активирање на предупредувањето за лизгав коловоз
  • Активирање на трепкачите за опасност
  • Временски печат на секое предупредување
  • Локација на предупредувањето
  • 3D-мапирање на патот.

Ги обработуваме податоците што се наведени погоре за да ви доставиме услуга (Член 6(1)(б) од GDPR). Може да ја вклучите и исклучите услугата во секое време.

Дополнително, горенаведените податоци се обработуваат анонимно и се пренесуваат до Volvo Trucks (за да се создаде услугата Поврзана безбедност) и сообраќајните служби (за да се спречат и да се намалат опасностите во патниот сообраќај).

Ќе ги чуваме податоците 1 седмица пред да ги избришеме или анонимизираме.

2.1.4. Информации за сообраќајот во реално време

Услугата за Информации за сообраќајот во реално време прима информации за сообраќајот на патот од друг давател на услугата.

Ги собираме следниве податоци од автомобилот:

  • Позицијата и брзината на возилото – овие податоци се споделуваат со другиот давател на услугата за да се пресмета застојот и да ве информираме вас и другите возачи каде постојат ризици од застој во сообраќајот; овие податоци се анонимни за другиот давател на услугата.
  • Идентификацискиот број на возилото (VIN) – овој број го користи Volvo Cars за да потврди дека вашето возило има претплата за оваа услуга.

Моделите на автомобили што се опремени со сензори што може да ги идентификуваат сообраќајните знаци во реално време додека возите го прават тоа само преку локална обработка (во автомобилот).

Ги обработуваме податоците што се наведени погоре за да ви доставиме услуга (Член 6(1)(б) од GDPR). Може да ја вклучите и исклучите услугата во секое време.

Податоците ќе ги чува Volvo Cars сѐ додека претплатата е активна. Откако претплатата нема да биде активна повеќе, VIN, брзината и позицијата се чуваат најмногу 90 дена, освен ако не се бара подолго време со применлив локален закон.

2.1.5. Говорни пораки

Говорни пораки е карактеристика што е специфична за модели на автомобили што не се опремени со Android Automotive – овие понови автомобили ја немаат услугата за говорни пораки што ја обезбедува Volvo Cars, туку ја имате опцијата да активирате Google Assistant. Говорни пораки е дел од поголем систем за говорни наредби со кој може да контролирате карактеристики на вашиот систем за инфозабава и ви овозможува да создавате и испраќате SMS-пораки со давање говорни наредби. Говорни пораки користи друг давател на услуги и затоа оваа обработка не е можна во возилото. За да активирате дијалог со користење говорни наредби, прво треба да ја активирате оваа функција. Говорната контрола ќе остане активирана сѐ додека не ја запрете намерно или додека не одговорите на три барања од системот.

Следниве податоци се обработуваат кога се користи системот за говорна контрола:

  • Снимените говорни податоци или наредби
  • Идентификациски број на возилото (VIN) – VIN се користи за да се потврди дека вашиот автомобил има претплата за оваа услуга
  • Телефонскиот број
  • Текстуалната порака – Текстуалната порака што е создадена од другиот давател на услугата се чува на облакот и се враќа и се зачувува во вашето возило. Текстуалната порака може да се испрати како SMS.

Обработката на вашите податоци е неопходна за да се обезбеди системот за говорна контрола и поврзаните услуги и за да се спроведе договорот склучен со вас (Член 6(1)(б) од GDPR). Ако не ги доставите овие податоци, нема да биде можно да го користите системот за говорна контрола.

Снимените говорни податоци ќе се споделат со другиот давател на услугата за да ви се обезбеди услугата. Другиот давател на услугата ја споделува добиената текстуална порака со нас, а потоа се доставува до вашето возило. Другиот давател на услугата е посебен контролор за овие податоци.

2.2. Обработка во случај на инцидент

Во случај на инцидент или (за малку) несреќа, личните податоци ќе се обработат за следниве намени за одреден временски период:

2.2.1. Активен снимач на податоци за безбедност (ASDR)

Примарната намена на „Активниот снимач на податоци за безбедност (ASDR)" е да ги снима податоците во врска со сообраќајни незгоди или ситуации што се слични на судар. Овие информации ќе ги обработува нашиот сектор за истражување и развој за да ни помогнат подобро да ги разбереме околностите во кои се случуваат сообраќајни незгоди, повреди и штеди.

Ако ја овозможите оваа услуга, Volvo Cars ги собира и ги обработува следниве податоци за иден развој и жалби поврзани со активната безбедност:

  • Идентификациски број на возилото (VIN);
  • Типот на активираниот безбедносен настан и неговите случувања;
  • Сликите од предната камера што се создаваат за време од 4 секунди пред и по ситуации слични на судар;
  • Локацијата на возилото во времето на инцидентот.

Ова функција регистрира податоци само кога ќе настане судар што не е банален. Не регистрира никакви податоци во текот на нормални услови за возење.

Ги собираме податоците што се наведени погоре врз основа на вашата согласност (Член 6(1)(а) од GDPR) и ги чуваме 10 години пред да ги избришеме или анонимизираме.

2.2.2. Снимач на податоци за настани (EDR)

Возилото ги чува информациите во врска со безбедноста што се поврзани со судар или ситуации во кои речиси ќе се случи судар во Снимач на податоци за настани (Event Data Recorder - EDR) – познат и како „црна кутија" на автомобилот. Меѓу податоците во врска со безбедноста спаѓаат податоци како што се:

  • Како работеле различните системи во вашето возило;
  • Дали сигурносните појаси за возачот и совозачот биле ставени или не;
  • Колку долго (и дали воопшто) бил притиснат педалот за гаста и/или сопирачките; и
  • Колку брзо се движело возилото.

Снимениот период обично е до 30 секунди. Снимањето се врши само кога ќе настане судар што не е банален. Не се снимаат никакви податоци во нормални услови на возење. Дополнително, снимањето не опфаќа кој го возел возилото или географската локација на (за малку) сударот.

Податоците што се снимени се потребни и за да му овозможат на Volvo Cars да ги исполни своите законски барања што се пропишани во законите и од страна на владините институции (Член 6(1)(в) од GDPR). Според тоа, обезбедувањето на личните податоци е пропишано со закон.

2.2.3. Итен повик (eCall)

Итниот повик (eCall) е задолжителна услуга со која се опремени сите модерни модели на автомобили што се продаваат во Европската економска област. eCall значи дека итниот повик се упатува автоматски во случај на тешка незгода, откриена преку активирањето на еден или повеќе сензори во возилото; тоа значи дека автомобилот автоматски ќе упати eCall дури и ако сите патници во возилото се во несвест, а податоците што се наведени погоре автоматски се пренесуваат до контакт-центарот. Исто така, оваа функција може да се активира рачно со притискање и држење на копчето SOS најмалку 2 секунди; имајте предвид дека ова не се препорачува освен ако не се наоѓате во итен случај, бидејќи злоупотребата се казнува според законот.

Кога се упатува итен повик, се обработуваат следниве податоци:

  • Идентификациски број на возилото (VIN);
  • Погонот на моторот или спецификациите на моторот;
  • Спецификациите на моделот на возилото;
  • Времето на инцидентот;
  • Локацијата на инцидентот;
  • Насоката на патување на возилото.

Стандардно, услугата „eCall" во возилата Volvo се пренасочува до друг давател на услуги (ова се нарекува eCall од друг давател на услуги или TPS eCall); овој давател на услуги се разликува во зависност од регионот, а вие може да добиете повеќе информации така што ќе контактирате со нас. Во секое време може да изберете повикот да се насочи до бројот 112 на јавните итни служби така што ќе ги промените поставките за автомобилот.

Податоците се собираат само кога се упатува eCall и единствените правни лица кои имаат пристап до нив се Volvo Cars и другиот давател на услугата (или итните служби, ако е избрана таа опција). Сепак, тие може да ги препратат овие податоци до специјализирани служби за итен случај (на пример, до службата за итна помош) ако не потребно.

Ги обработуваме овие податоци за да се заштитат виталните интереси на возачот и на другите патници во возилото (Член 6(1)(г) GDPR), како и според законска обврска (Член 6(1)(в) од GDPR).

Личните податоци ќе се задржат во период од 90 дена, а обработката е ограничена само на итни ситуации што се наведени погоре.

2.2.4. Помош на пат

Нашата услуга за помош на пат ви помага во случај на дупната гума, дефект или незгода. Со активирањето на црното копче On Call во автомобилот или со користење на карактеристиката за контакт во апликацијата Volvo Cars (претходно апликацијата Volvo on Call), автомобилот упатува повик до службата за помош на патот. За оваа услуга е потребна претплата. Службата за помош на патот ќе може да испрати соодветна помош за возачот на возилото секогаш кога на возачот можеби ќе му биде потребна помош, на пример, да испрати шлеп-служба.

Услугата за помош на патот се нуди во партнерство со компании за осигурување кои се разликуваат во зависност од земјата – може да добиете повеќе информации така што ќе контактирате со нас. Овие компании за осигурување имаат контакт-центар што го презема вашиот повик.

За да ви ја обезбедиме услугата, ќе ги обработиме следниве податоци:

  • Идентификациски број на возилото (VIN);
  • Погонот на моторот или спецификациите на моторот;
  • Спецификациите на моделот на возилото;
  • Времето на повикот;
  • Локацијата во времето на повикот;
  • Насоката на патување на возилото.

Податоците се собираат автоматски, но само кога ќе се достави барање за помош на патот. Единствените правни лица што имаат пристап до нив се Volvo Cars и другиот давател што ја обезбедува услугата, но тој ќе препрати дел од овие податоци до специјализираните служби што ќе ги побарате (на пример, шлеп-служба).

Ги обработуваме податоците за да ви ја обезбедиме услугата за помош на патот (Член. 6(1)(б) од GDPR). Ќе ги обработуваме податоците во временскиот период од 8 години, освен податоците за геолокација што ќе се избришат по 90 дена.

2.3. Обработка на податоци во врска со одржување и поправки

2.3.1. Планирање на сервисирање

Услугата за планирање на сервисирање е изборна услуга што ви помага да го одржувате автомобилот во добра состојба и да ги почитувате условите за гаранција на возилото така што ќе ве известува да закажете посета на сервис. На пример, со планирањето на сервисирањето може да добиете известување за да промените одредени филтри порано или подоцна од препорачаниот фиксен временски период, ако тоа е потребно според конкретната изабеност. Планирањето на сервисирањето работи така што постојано собира и анализира одредени информации од возилото во врска со дијагностиката за да предвиди рани знаци на проблеми со возилото, а потоа ви помага да поставите програма за одржување пред да посетите сервис. Карактеристиката за планирање на сервисирањето ни помага и да го планираме производството и испораката на резервни делови, што е важна компонента во нашите цели за одржливост и за нашиот стремеж да ви обезбедиме премиум услуга и поправки преку оптимизирање на содржината, логистиката и користењето на сервисите.

За да ви ја обезбедиме карактеристиката за планирање на сервисирањето, ќе се собираат следниве податоци:

  • Податоци за автомобилот – Идентификациски број на возилото (VIN), ревизиите на хардверот и верзиите на софтверот;
  • Статусот и статистичките податоци од компонентите (на моторот, гаста, управувањето, високонапонските батерии и сопирачките итн.);
  • Податоци за возењето (километража, часови на работа на моторот, услови за возење, на пример, во град или на отворен пат итн.)

Ги обработуваме податоците што се наведени погоре за да ви доставиме услуга (Член 6(1)(б) од GDPR). Може да ја вклучите и исклучите услугата во секое време.

Податоците ќе се споделат со нашата национална компанија за продажба во вашата земја за да се управува со испораките и резервациите, како и за да се подготват специјални понуди според вашите потреби (имајте предвид дека ќе добивате специјални понуди само ако посебно се согласите со тоа). Планирањето на сервисирањето нема директно да врши резервации и затоа податоците не се споделуваат со сервисите.

Ќе ги чуваме податоците поврзани во високонапонската батерија на возилото и VIN 10 години за да се навратиме на здравствениот статус на батеријата. Другите податоци ќе се чуваат 3 години.

2.3.2. Резервирање на поврзани услуги

Може да испратите барање за резервација директно од возилото до вашиот сервис за да закажете сервисирање или поправка на возилото. За да ја користите оваа услуга, ќе треба да создадете Volvo ID и да го регистрирате за вашето возило, како и да го поврзете возилото на интернет. Овде може да прочитате повеќе за тоа како се обработуваат вашите податоци кога создавате Volvo ID.

Услугата за Поврзано закажување услуга е слична на услугата Дигитално закажување услуга што е достапна во апликацијата Volvo Cars. Volvo Cars, националната компанија за продажба или увозникот на Volvo во вашата земја, како и продавачот што го врши сервисирањето заедно ја организираат оваа услуга и затоа ние сме заеднички контролори за обработката на овие податоци. Се согласуваме дека Volvo Cars ги доставува информациите до вас и дека вие може да ги примените вашите права во врска со Volvo Cars (погледнете го Дел 3 - Вашите права во врска со обработката на личните податоци подолу).

Следниве податоци се обработуваат кога се испраќа барање за резервација:

  • Вашите идентификатори (Volvo ID, адресата на е-пошта, името и презимето)
  • Податоците во врска со саканата услуга (типот на услугата, датумот и времето, вашата порака до сервисот што е внесена во полето за порака)
  • Податоците што се поврзани со избраниот сервис (како што се името, адресата)
  • Во зависност од услугата што е побарана, идентитетот на возилото, верзијата на софтверот, кодовите на проблеми од дијагностиката, барањето за услугата, времето од последното сервисирање, нивоата на течности, вредноста на мерачот на поминати километри, како и вашиот опис на намената на резервацијата (ако има)

кои ќе се споделат со нашата национална компанија за продажба во вашата земја и избраниот продавач (што може да биде сервис за поправки/сервис за боја на каросеријата, специјалисти за ремонтирање на автомобилот и логистички услуги за автомобилот).

Податоците ќе се користат за да се резервира сервисот, да се изврши организација, да се стапи во контакт со вас за работи во врска со закажаната услуга или директни последици од користењето на услугата како што се испраќање потврдувања и известувања. Овие податоци се обработуваат за да се изврши закажувањето што сте го побарале (со други зборови, нашата законска основа за ова обработка е вашиот договор со нас (Член 6.1. б) од GDPR).

Ќе ги чуваме вашите податоци во период од 15 месеци, но имајте предвид дека продавачот што е партнер на Volvo за обезбедување на услугата е предмет на разни обврски за задржување и документација и исто така може да се бара од него со закон да открие лични податоци на властите ((Член 6.1 в) од GDPR). Овие информации може да се најдат во политиката за приватност на партнерот за услугата.

2.3.3. Дијагностички отчитувања во сервиси

Ако на вашето возило се вршат сервисирања или поправки од еден од нашите овластени сервисни центри или партнери, вашето возило се поврзува во системот за Информации за дијагностика на возилото за постпродажба (Vehicle Information Diagnostic for Aftersales system – VIDA) за оваа намена и ние ќе ги добиеме следниве информации за проблемот:

  • Дијагностиката;
  • Кодовите за проблемите;
  • Податоците за возилото (VIN, верзијата на софтверот) и состојбата на возилото.

Овие податоци се од чисто техничка природа и ги обработуваме за да го следиме квалитетот на нашите автомобили и да управуваме со нашите обврски како производители на производите, за развој на производите, како и за унапредување на безбедносните карактеристики (ако е потребно). Овие податоци се чуваат во текот на животниот век на возилото.

Ги обработуваме овие податоци за нашите легитимни интереси што се наведени претходно (Член 6(1)(ѓ) GDPR) и таму каде што е применливо за да ги исполниме законските и другите официјални барања, како што се отповикувања во врска со безбедноста (Член 6(1)(в) од GDPR).

2.3.4. Пријавување на издувните гасови

Кога ќе посетите овластен сервис или сервисен партнер од Volvo, тие ќе ги соберат информациите за издувни гасови од вашиот автомобил, што ќе бидат испратени до нас за да се пријават според Регулативата (ЕУ) 2021/392. Собирањето на податоците се врши при секое сервисирање на вашиот автомобил, освен ако го информирате сервисерот дека го одбивате тоа.

Се собираат следниве податоци:

  • Податоци за издувни гасови: главно вкупното потрошено гориво (животен век), вкупното поминато растојание (животен век), вкупната мрежна енергија во батеријата (животен век) – со неколку распределби пропишани во Дел XXII од Регулативата (ЕУ) 2017/1151;
  • Податоци за возилото (VIN).

Ги чуваме податоците за издувни гасови додека не се пријават.

2.3.5. Пријавување грешки

Оваа функција им помага на Volvo Cars да го соберат извештајот за софтверски грешки. Ова собирање на податоците се врши кога ќе посетите овластен сервис или сервисен партнер на Volvo. Со ова пријавување, може да создадеме решение за овие грешки и за да се одржи нашиот софтвер во добра состојба. Извештајот ќе се обработи внатрешно од Volvo Cars, за да се разбере влијанието на грешките.

Со овозможувањето на оваа функција, Volvo Cars ќе ги собере и ќе ги обработи податоците подолу:

  • Идентификациски број на возилото (VIN)
  • Дијагностика при стартување
  • Конфигурација на возилото
  • Локална конфигурација на главната единица
  • Дијагностика преку Android Automotive
  • Дијагностика на мрежата на возилото
  • Верзии на софтверот
  • Извештаи и дневници наменети за програмери

Ги обработуваме податоците што се наведени погоре ако се согласите со тоа (Член 6(1)(а) од GDPR). Откако ќе ги обработиме горенаведените податоци, ќе ги избришеме или ќе ги анонимизираме вашите податоци на нашиот сервер по 90 дена.

2.4. Апликации од други производители

Системот за инфозабава на новите модели на автомобили работат на оперативниот систем Google Android Automotive. Во таа насока, Google е независен контролор кога се работи за обработката на вашите лични податоци.

Апликациите од други производители што ги преземате во автомобилот од PlayStore се нудат и од независни контролори, слично на тоа како што работат на паметниот телефон. За дополнителни информации, погледнете ги правилата и условите на конкретните даватели на услуги, како и нивните известувања за приватност.

2.5. Барања за примена на законски одредби

Одвреме-навреме добиваме барања од служби за спроведување на законот (полиција, царина и др.) за да обезбедиме различни типови податоци во врска со нашите автомобили. Како општ пристап, доставуваме лични податоци само кога тоа се бара со закон (Член 6(1)(в) од GDPR). Податоците што ги обезбедуваме се од техничка природа и само по себе не откриваат врска со физичко лице (на пример, сериски број на дел од возило што е поврзан со VIN, историја на сервисирање поврзана со VIN итн.).

Кога ќе добиеме барање од служба за спроведување на законот во кое се вклучени лични податоци, но ние немаме законска обврска да ги доставиме податоците, вршиме процена на неопходноста на пропорционалноста на бараните информации и може да одлучиме да ги доставиме сите или дел од бараните информации (Член 6(1)(ѓ) од GDPR).

Водиме евиденција за сите барања што сме ги добиле и за сите одговори што сме ги доставиле, без доставените конкретни податоци (каде што е применливо), сепак ова не претставува дополнителна обработка на лични податоци.

3. Вашите права во врска со обработката на личните податоци

Како субјект на податоците, имате конкретни законски права што ви се доделени со Општата директива за заштита на податоците во врска со личните податоци што ги обработуваме за вас. Тие се накратко објаснети подолу и може да ги примените со пополнување на формуларот што е наведен подолу.

  1. Право на повлекување на согласноста: таму каде што сте ја дале вашата согласност за обработката на вашите лични податоци, може да ја повлечете согласност во секое време и повлекувањето ќе важи во иднина.
  2. Право на пристап до вашите лични податоци: може да побарате од нас информации за личните податоци што ги чуваме за вас. Ќе ви доставиме копија од вашите лични податоци на ваше барање. Ако побарате дополнителни копии од вашите лични податоци, може да ви наплатиме разумен надоместок врз основа на административните трошоци. Имате право да добиете информации за нашите безбедносни мерки за преносот на вашите лични податоци во земја надвор од ЕУ и ЕЕО ако побарате да потврдиме дали ние ги обработуваме или не ги обработуваме вашите лични податоци и ги пренесуваме вашите лични податоци во земја што е надвор од ЕУ и ЕЕО.
  3. Право на коригирање: може да добиете од нас коригирање на погрешни или нецелосни лични податоци за вас. Правиме разумни напори за личните податоци во наш посед или контрола што се користат редовно да бидат точни, целосни, ажурни и релевантни, врз основа на најновите информации што ни се достапни нам.
  4. Право на ограничување: може да добиете од нас ограничување на обработката на вашите лични податоци ако:
    1. ја оспорите точноста на вашите лични податоци, за периодот што ни е потребен да ја потврдиме точноста,
    2. обработката е незаконска и вие побарате ограничување на обработката наместо бришење на вашите лични податоци,
    3. повеќе немаме потреба од обработка на вашите лични податоци, но ви се потребни за воспоставување, примена или одбрана во правни спорови или
    4. понесете приговор за обработката додека потврдиме дали нашите легитимни основи имаат предност пред вашите.
  5. Право на преносливост: имате право да ги добиете вашите лични податоци што сте ни ги доставиле и, таму каде што е технички изводливо, да побарате да ги пренесеме вашите лични податоци (што сте ни ги доставиле) до друга организација ако:
    1. ги обработуваме вашите лични податоци на автоматизиран начин;
    2. ја засноваме обработката на вашите лични податоци на вашата согласност или нашата обработка на вашите лични податоци е неопходна за извршување или спроведување на договор во којшто вие сте страна;
    3. вашите лични податоци што сте ни ги доставиле; и
    4. вашето право на преносливост не влијае негативно врз правата и слободите на други лица. Имате право да ги добиете вашите лични податоци во структуриран, честокористен и машински читлив формат.
    • Вашето право да ги добиете вашите лични податоци не смее да влијае негативно врз правата и слободите на други лица. Вашето право за пренос на вашите лични податоци од нас до друга организација е право што го имате ако таквиот пренос е технички изводлив.
  6. Право на бришење: имате право да побарате да ги избришеме личните податоци што ги обработуваме за вас. Мора да го исполниме ова барање ако обработуваме ваши лични податоци, освен ако обработката е неопходна:
    1. за примена на правото на слобода на изразување и информации;
    2. за почитување на законска обврска за којашто е потребна обработка со закон на Унијата или земја-членка кој ние треба да го почитуваме;
    3. за архивирање што е во јавен интерес, научно или историско истражување или статистички намени; или
    4. за започнување, примена или одбрана во правни спорови.
  7. Право на приговор: може да поднесете приговор – во секое време – против обработката на вашите лични податоци поради вашата конкретна ситуација, ако обработката не е заснована на вашата согласност, туку на нашите легитимни интереси или на легитимните интереси од други лица. Во овој случај, повеќе нема да ги обработуваме вашите лични податоци, освен ако може да покажеме издржана правна основа и пресуден интерес за обработка или започнување, примена или одбрана во правни спорови. Ако поднесете приговор против обработката, наведете дали сакате и да се избришат вашите лични податоци – во спротивно, само ќе ја ограничиме. Исто така, го имате правото да поднесете приговор во секое време, без оглед на причината, за обработката на вашите лични податоци за директен маркетинг (што опфаќа профилирање до степен што е поврзан со таков директен маркетинг), ако таквата обработка била заснована на нашиот легитимен интерес. Ако рекламната комуникација била заснована врз вашата согласност, може да ја повлечете согласноста (погледнете погоре).
  8. Право на поднесување жалба: може да поднесете жалба до надлежното тело за заштита на податоците или до кое било друго тело за заштита на податоците во ЕУ. Сепак, ќе цениме ако прво контактирате со нас за да го решиме проблемот, а нашите информации за контакт може да ги најдете подолу.

Може да ги примените вашите права во врска со нас така што ќе го пополните овој формулар, што ќе ни помогне правилно да го обработиме вашето барање. Формуларот на интернет ги содржи информациите што ни се потребни за да го потврдиме вашиот идентитет и да го провериме вашето барање. За барања што се поднесени преку телефон или е-пошта, ќе треба да ни доставите доволно информации што ни овозможуваат разумно да потврдиме дека вие сте личноста за која собираме лични податоци и доволно детално да го опишете вашето барање за да ни овозможите правилно да го разгледаме и да одговориме на него. Ако не сме во можност да го потврдиме вашиот идентитет за барања за пристап и бришење со дадените информации, може да побараме од вас дополнителни информации. Може да ги примените овие права во врска со сите заеднички контролори што се наведени во ова известување.

4. Информации за контакт

За да ги примените вашите права, погледнете го Делот 3 погоре. Ако имате други прашања во однос на заштитата на личните податоци, може да контактирате со нас со користење на следниве информации за контакт:

Компанија: Volvo Car Corporation

Поштенска адреса: Volvo Car Corporation, Assar Gabrielssons Väg, SE-405 31 Гетеборг, Шведска

Е-пошта: globdpo@volvocars.com

Веб-локација: https://www.volvocars.com/intl/support/contact

5. Промени на ова известување

Го задржуваме правото, по наше сопствено видување, да ги измениме нашите практики за приватност и да го ажурираме ова известување за приватност според потребите. Секогаш кога правиме значителни измени на ова известување, а особено кога ова известување ја засега вашата согласност, ќе ве информираме за измените. Ова известување за приватност е актуелно од датумот што е наведен на врвот од документот.