Легендарни автомобили

Откријте дел од нашите најлегендарни модели на Volvo. Од претставувањето на нашиот прв автомобил во 1927 година, до нашите најнови модели.

Првиот автомобил Volvo излезе од фабричките порти.

Првиот автомобил излезе од нашата фабрика

1927 година

Утрото, на 14 април 1927 година, првиот автомобил Volvo излезе низ фабричките порти во Гетеборг, на западниот брег на Шведска. Автомобилот официјално беше наречен ÖV4 и беше отворен турер со мотор со четири цилиндри. Првиот Volvo на светот беше подготвен за возење на пат.

Сив Volvo PV 44 на сцена.

Пристигна „малиот Volvo“

1944 година

На 1 септември 1944 година, автомобилот што ја направи Volvo меѓународна автомобилска компанија беше претставен во Стокхолм. „Малиот Volvo“, како што бил наречен, во Шведска се сметал за потенцијал за напредок по војната, па за две седмици, 2.300 луѓе го нарачале PV 444.

Приказната на караванот започна со Duett

1953 година

Volvo Duett беше рекламиран како „два автомобила во еден“ – и за работа, и за задоволство. Тоа беше првиот во долгата низа на каравани што го направија Volvo синоним за овој тип практични автомобили. Оттогаш се произведени повеќе од 6 милиони Volvo каравани.

Повеќе PV 444 се истовараат од товарен брод.

Започнува извозот во САД

1955 година

Во август 1955 година, првиот PV 444 се истовари во пристаништето во Лонг Бич, Калифорнија. Многумина од присутните биле скептични, но две години подоцна, Volvo Cars станал втор најголем увозен бренд во Калифорнија и во 1974 година, САД станале наш најголем пазар во тоа време.

Безбедносниот појас со три точки прикажан од изумителот, Нилс Болин во 1959 година.

Безбедносен појас со три точки

1959 година

Инженерот на Volvo, Нилс Болин го воведе безбедносниот појас со три точки во сериското производство на PV 544, па решивме да се откажеме од нашите патентни права за сите да може да имаат придобивка од тоа. Се проценува дека до овој датум преку еден милион животи се спасени поради безбедносниот појас со три точки.

Volvo 240 како стои на рид.

езбедносен репер во САД

1976 година

Нашето меѓународно реноме за напредна безбедност се потврдило кога владата на САД купила 24 автомобили од моделот Volvo 240 за вршење опсежни тестирања за судири. Како резултат на тестирањата, Volvo во тоа време официјално бил избран како цел за поставување на безбедносните стандарди за сите нови автомобили.

Црвен Volvo 850 како стои пред мост.

Автомобил со четири уникатни иновации

1991 година

На Volvo 850 биле претставени четири светски иновации: трансверзален мотор со четири цилиндри, системот за заштита од странични удари, намотувачи за ремен што сами се приспособуваат за предното седиште и задна амортизација Delta-link. Тој исто така беше првиот од нашите поголеми модели со погон на предните тркала.

Сив Volvo XC90 како вози на селски пат.

Нашиот прв SUV

2002 година

Кога Volvo XC90 бил претставен, тој за брзо време се претворил во успешна приказна низ целиот свет. Тој го редефинирал сегментот за големи SUV и станал најважниот извозен производ на Шведска за само неколку години.

Жена ја разгледува каросеријата на автомобилот во фабриката.

рвиот производствен погон во Кина

2013 година

Првпат отворивме целосен производствен погон надвор од Европа. Тој беше отворен во градот Ченгду, каде што првично ги произведувавме Volvo S60L aи XC60.

Црн Volvo XC90 како вози, прикажан одзади.

Втората генерација на XC90

2015 година

Втората генерација на XC90 го означи почетокот на ново поглавје во нашата историја. Со сосема нов јазик во дизајнот, нови технологии и нова платформа за приспособлива архитектура на производот (SPA).

Volvo XC40, нашиот прв компактен SUV.

Нашиот прв компактен SUV

2017 година

Volvo EX40 беше првиот модел заснован врз нашата компактна модуларна архитектура за возила (CMA) што го постави нашиот нов стандард за дизајн, поврзливост и безбедност. Тој исто така беше првиот модел на автомобил до којшто можете да пристапите преку нашата фиксна месечна услуга со претплата Care by Volvo.

Црвен Volvo S60 како излегува од производствената лента.

Нашиот прв производствен погон во САД

2018 година

Го претставивме нашиот прв производствен погон во САД во Чарлстон, Јужна Каролина, воспоставувајќи го Volvo Cars како вистински глобален производител на автомобили со фабрики во Европа, Азија и Северна Америка.

Volvo XC40 Recharge целосно електричен SUV приклучен на сандаче за полнење.

Нашиот прв целосно електричен SUV

2019 година

Volvo EX40 беше нашиот прв целосно електричен SUV во историјата. Тој се засноваше на бестселерот XC40 и беше првиот модел на Volvo опремен со сосема нов систем за инфо-забава, овозможен преку Android.

Безбедносен појас во сива боја, со текстот „Since 1959“ (Од 1959 година) гравиран на токата.

Децении со иновации во полето на безбедноста

Уште од нашето основање во 1927 година, ние дизајниравме автомобили што ги ставаат луѓето на прво место. Откријте ги нашите најважни безбедносни иновации со текот на годините.

Истражете ги нашите безбедносни иновации
Планетата Земја видена од вселената.

Наследство на одржливост

Долги години работевме да го намалиме нашето влијание врз животната средина. Откријте дел од дејствата што ги имаме преземено досега.