Откријте го спектарот на Volvo SUV

Истражете го нашиот спектар на луксузни теренци со 5 и 7 седишта.

Споредете ги теренците на Volvo

Седишта
Капацитет на багажникот (mm)
Ефикасност/Досег**
Достапен онлајн

EX30

Целосно електричен
Достапен од 44.158 €*

Мал, 5 седишта

994 x 623 x 713

15,7 kWh/100 km / до 480 km

Достапен онлајн

EX90

целосно електричен
Достапен од 96.734 €

Простран, седум седишта

1130 x 862 x 1276

20.7 kWh/100km / До 600 km

Достапен онлајн

XC40 Recharge

pure electric

Компактен, 5 седишта

1004 x 746 x 887

+400km (електрично)

XC90 Recharge

plug-in хибрид

Простран, до 7 седишта

1130 x 889 x 1040

46 km(електрично); 2,5-3,3 литри/100km

XC60 Recharge

plug-in хибрид

Среден, 5 седишта

1055 x 776 x 960

54km(електрично); 2,3-2,9 литри/100km

XC40 Recharge

plug-in хибрид

Компактен, 5 седишта

1004 x 746 x 887

45km(електрично); 2,0-2,4 литри/100km

XC90

Простран, до 7 седишта

1130 x 889 x 1040

6,4-7,5 литри/100km

XC60

Среден, 5 седишта

1055 x 776 x 960

8,3-9,6 литри/100km

XC40

Компактен, 5 седишта

1004 x 746 x 887

7,7-8,2 литри/100km

*Земете предвид дека ова е индикативна цена што може да биде предмет на промени пред испораката на автомобилот поради фактори што се надвор од наша контрола, како што се зголемени даноци, камати итн. Ќе бидете известени за какви било промени и можете да откажете во кое било време пред испораката. ​

​**Бројките се прелиминарни и произлегуваат од проценките и пресметките на Volvo Cars за Volvo EX30 и овие резултати не се загарантирани. Досегот на возење и потрошувачката на енергија во реални услови варираат во зависност од стилот на возење и другите надворешни фактори. Времето на полнење може да варира и зависи од факторите, како што се надворешната температура, моменталната температура на батеријата, опремата за полнење, состојбата на батеријата и состојбата на автомобилот. Сертификатот за возилото сѐ уште не е издаден.

Согласете се да добиете повеќе. Малиот SUV со 5 седишта и големиот со 7 седишта со простор за повеќе.

Голем простор во багажникот

Спакувајте ги неопходните работи без да ги оставате дополнителните работи во големиот багажник на вашиот Volvo SUV.Тој е уште попрактичен со дизајнот на задната амортизација што ги отстранува внатрешните сводови за тркалата.

Флексибилен и лесен за товарење

Затворањето без јазиче на багажникот, рамниот под и задната врата која е контролирана преку движење помагаат за олеснување на товарањето и растоварањето.Користете ги интегрираните отвори и скриените оддели за да складирате специјални предмети.И зголемете го капацитетот на багажникот на вашиот SUV со преклопување на задните потпирачи за грб надолу.

Удобност инспирирана од Скандинавија

Скандинавскиот дом го инспирираше дизајнот на кабините во нашите SUV со два и три реда.Тие се пространи и ненатрупани, со многу простор за главата и нозете.Plus панорамски стаклен покрив што создава прозрачно, спокојно чувство.

Целосно електрични Volvo SUVs

Уживајте во мазното искуство во возењето и во минималистичкиот дизајн на целосно електричниот Volvo SUV.

Plug-in хибридни Volvo SUVs

Уживајте во електрично возење со резервен план во plug-in hybrid Volvo SUV.

Полнење на вашиот Volvo

Уживајте во повеќе километри поминати на електричен погон и помогнете да се намалат трошоците за возење со нашите понуди за полнење во домот и на јавни места.

Поголема висина на возење

Поголемото растојание до земјата на нашите теренци помага да се подобри видливоста на патот.Поголемата висина на возењето исто така помага вие и вашите сакани да се чувствувате побезбедно и поудобно на каков било терен.

Префинето управување

Нашите целосно електрични и hybrid SUVs испорачуваат разновидност без да го жртвуваат искуството при возењето.Уживајте во мазното забрзување и моќноста на сите брзини, плус дополнителната влеча и стабилност на погонот на all-wheel drive (AWD).

Побезбедно влечење

Дополнително искористете го капацитетот за влечење на вашиот теренец со Помошта за стабилност на приколката и други технологии дизајнирани да ви помогнат да маневрирате во предизвикувачки услови и да чувствувате поголема самодоверба при влечењето.

Перформанси на SUV со стил.

Приказ од птичја перспектива на Volvo SUV како влече бела приколка по пат послан со лисја на сончев ден.

Епски излети.Непланирани патувања. Брза посета на продавници.SUVs треба да бидат разновидни во намената. Нашите целосно електрични и hybrid SUV имаат разновидност со стил.

Тивок и впечатлив. Луксуз и удобност со скандинавски стил.

Елегантен стил

Суптилен, а сепак експресивен, дизајнот на нашите екстериери и ентериери за теренците е вкоренет во нашето скандинавско дизајнерско наследство.Тоа значи добро компонирана и луксузна удобност и сигурна практичност низ целиот спектар на возила.

Ергономски седишта во првокласен стил

Нашите седишта нудат максимална поддршка за 'рбетот, намалувајќи ги притисокот, свиткувањето и напнатоста во рамениците.Тапацирани во првокласни материјали, тие се истовремено ергономски и стилски изработени.

Најсовремен систем за озвучување

Користете гласовни команди или користете го вашиот респонзивен централен дисплеј за да го контролирате системот за озвучување од светска класа на вашиот SUV, дизајниран за да испорача впечатливо аудио во кабината.

Илустрирана слика на функционирањето на безбедносната карактеристика на Volvo SUV.

Безбедносните карактеристики на SUV

Ние сме пионери во полето на иновациите повеќе од 95 години. Откријте ги безбедносните карактеристики што се достапни во нашите целосно електрични и хибридни луксузни SUV.

Куче со бакарна боја седи во безбеден кафез за кучиња, додаток што е специјално дизајниран за безбедноста и удобноста на милениците што патуваат во автомобилите Volvo.

SUV додатоци

Додатоците Volvo се дизајнирани да ги подобрат стилот, удобноста и разновидноста на вашиот целосно електричен или hybrid SUV. Најдете го тоа што го барате.

Дознајте повеќе за нашите целосно електрични и hybrid SUV.

Кабините на нашите мали, компактни и средни SUVs имаат два реда со седишта за пет возрасни патници. Кабините на нашите најголеми SUVs имаат три реда со седишта за седум возрасни патници.

Да, нашиот целосно електричен EX90, plug-in hybrid XC90 и mild hybrid XC90 може да имаат спецификација со три реда од седишта за седум возрасни патници.

Во нашиот спектар на целосно електрични и hybrid SUVs, Volvo EX90 со седум седишта го има најголемиот простор во багажникот со простор до 655 литри. XC90 го има следниот најголем капацитет во багажникот со максимални 640 литри. Откријте повеќе за капацитетот на носивоста на страницата со спецификации за Volvo SUV што ве интересира.

Некои Volvo SUV стандардно имаат AWD. Таму каде што тоа не е стандардно, може да се наведе AWD. Откријте повеќе на страницата со спецификации за Volvo SUV што ве интересира.

Со вграден Google, Google Assistant ги олеснува повикувањето или испраќањето текстуални пораки на пријателите, поставувањето потсетници и менувањето на температурата во автомобилот. Користете Google Maps за да ги добиете информациите што ви се потребни за вашето возење, вклучувајќи известувања за сообраќајот во живо, потсетници и проактивни предупредувања. И користете Google Play за да ги преземате вашите омилени музики, поткасти, аудио книги и друго.*

*Услугите на Google се овозможени преку пакетот Дигитални услуги, кој е вклучен четири години. По истекот на овој период, ќе важат нови услови и цени доколку изберете да го обновите.

Да, Apple CarPlay е стандарден во целосно електричните, plug-in hybrid i mild hybrid Volvo SUVs.*

*Apple CarPlay може да се користи само во комбинација со моделот 5 на iPhone или со понов модел.Apple CarPlay и iPhone се трговски марки на Apple Inc.

Потрошувачката на гориво на вашиот mild hybrid Volvo SUV зависи од моделот, од вашиот стил на возење и од други фактори. Откријте повеќе на страницата со спецификации за Volvo SUV што ве интересира.

Да.За некои модели е достапен држач за велосипеди монтиран на кровот.- Исто така можете да изберете држач за велосипеди монтиран на шипката за влечење. Видете ги додатоците достапни на вашиот пазар .

Кратенката SUV е за sports utility vehicle (спортско теренско возило).

Кросоверот ги комбинира функциите на автомобил и на SUVНивната платформа што наликува на автомобил може да ги направи кросоверите поекономични и полесни за управување во споредба со големите теренци. Кросоверите обично имаат и помало растојание до земјата. Ова ги прави посоодветни за градско возење и за некои попредизвикувачки терени.

Средните и големите SUV обично се повисоки и поисправени. Тие имаат поголемо растојание до земјата, што ги прави соодветни за поразновидни намени. Во споредба со кросоверите, тие исто така можат да носат повеќе патници и товар.

MPV (повеќенаменски возила) и MUV (возила со повеќе простор) се дизајнирани да носат повеќе патници и товар во споредба со обичните автомобили. Главната разлика е што возилата MPV обично се направени врз основа на платформа налик на автомобил и искуството при нивното возење повеќе наликува на возење автомобил. Возилата MUV се направени на платформа налик на камионет со ракување како кај големо возило.

SUV (спортските теренски возила) може да бидат поголеми и од MPV, и од MUV и имаат повисоко растојание до земјата. Ова ги прави посоодветни за возење на поширок спектар на терени.SUV исто така носат повеќе патници и товар во споредба со обичните автомобили, но обично имаат помалку капацитет за носење во споредба со возилата MPV и MUV.

Главната разлика помеѓу хечбек автомобилите и SUV е во големината и во нивната употреба. Хечбек автомобилите се помали и носат до петмина патници, што ги прави соодветни за градско возење. Тие имаат задна врата што се отвора нагоре за да се обезбеди пристап до просторот за товар со облик на кутија. SUV се поголеми автомобили дизајнирани за возење на поголем спектар на терени. Тие обично имаат повисоко растојание до земјата и повеќе простор за патниците и товарот.

Сите Volvo SUVs се со автоматски менувач, освен mild hybrid XC40.За тој SUV е достапен рачен менувач.

Некои карактеристики може да не бидат достапни на сите пазари и нема да бидат стандардни на сите пазари или за сите модели.

Google, Google Play, Google Maps се заштитени трговски марки на Google LLC.