1950 - 1958
PV831-4

Во 1950 година Volvo лансираше ажурирана верзија на такси возила во Серијата 800. Основните новини биле дизајнот на предниот дел, кој сега има понизок профил и фаровите назад на предните крила.Новата верзија на PV830 го доби својот изглед во 1953 година и бил замислен како ексклузивен автомобил за големите компании кои ќе го користат при превоз на важни посетители. Главната надворешна карактеристика по што се разликува оваа верзија е бојата, бордо металик или темно сина. Внатрешноста вклучува ексклузивен тапацир. На задното седиште има потпирач за раце и тепих на подот. Стандардната опрема вклучува радио. Како такси, се сметало дека е речиси невозможно овие автомобили да се изабат и неколку од нив всушност се користеле до 1980 година. Како додаток на такси верзијата, серијата 800 можела да биде доставена како шасија, наменети за амбулантни возила, Каравани или мали комбиња.