1966 - 1974
144

Во август 1966 година, Volvo го претстави новиот автомобил со 4 врати наречен Volvo 144. Тој претставуваше почеток на сосема нова серија автомобили кои до 1974 година важеа за обемни модели на Volvo. Стилот на 144 е безвременски и ова е потврдено од страна на фактот дека автомобилот, во унапредена форма, се уште се продава успешно во раните 1990-ти. Карактеристичните одлики на овој автомобил се големиот дел од стакло и три странични прозорци.144 беше многу простран автомобил со голем багажен простор. Volvo 144 исто така вклучуваше многу нови безбедносни карактеристики. Освен каросерија со зони за апсорпција на сила на предниот и задниот дел, имаше единствен систем за сопирање во кој секое сопирачко коло делуваше на три тркала. Диск сопирачките се користеа на сите четири тркала. Внатрешноста немаше испакнати делови и имаше сигурносни појаси за возачот и патникот на предното седиште.