1975 - 1982
264

Volvo 264 беше воведен во есента на 1974 година како наследник на Volvo 164, кој беше произведен истовремено со 264 во 1975 г. Моделот 164 беше базиран на 144, а на истиот начин, 264 беше базиран на 244. Највпечатлива промена беше дизајнот на предниот дел со попрестижно ориентиран стил. Сосема нов мотор, PRV мотор бил произведен за 264 - со V6 мотор со зафатнина од 2.7 литри, направен целосно од алуминиум и создаден во соработка со Рено и Пежо.