Оригинални Volvo додатоци
Со разновиден и добро осмислен избор на оригинални додатоци, вашето Volvo ќе ја добие функционалноста што ви е потребна за вашите патувања. Сите додатоци се дизајнирани со цел да гo направат вашетo возење што е можно поудобнo, а вашите активности во слободното време побезгрижни.
Специјална понуда

Носач за скии – што се повлекува
Со овој влечен носач за скии, нема потреба да се качувате на автомобилот и да се валкате при прикачување или вадење на скиите. Со едноставно повлекување, носачот се извлекува настрана од возилото, овозможувајќи полесен пристап до скиите.
204,86 €

Завеса за панорамски покрив за EX30
Оваа завеса може дополнително да ја зголеми удобноста во сончеви денови. Таа има чист, уреден дизајн и совршено одговара на возилото. Се поставува лесно помеѓу стаклениот покрив и внатрешниот панел со помош на вклучените клипси.
97 €

Прскалка за задна камера
Со едноставно притискање на копчето на десната рачка за прскалка на задното стакло, се активира перењето на објективот на задната камера – брзо и ефикасно, без разлика дали возилото мирува или се движи. Бидејќи е интегриран со системот за перење на задното стакло, објективот на камерата се чисти секојпат кога го миете задното стакло.
355 €
Оригинални Volvo додатоци за вашите секојдневни патувања и авантури

Алуминиумски носач за велосипеди
Модерниот носач за велосипеди обезбедува сигурно држење и заштита од оштетувања со својата мека обвивка. Прилагодливите попречни шипки се адаптираат на различни широчини на гумите, додека адаптерот T-track овозможува лесна инсталација без алатки. Заклучувањето и прилагодувањата се практично направени на висина на покривот, со двојна функција за заклучување што обезбедува дополнителна сигурност.
140,00 €

Штитник за заден браник за XC40, XC60 XC90
Ексклузивен стилски елемент изработен од брусен нерѓосувачки челик го штити браникот од гребнатини предизвикани при товарење и растоварување. Покрај тоа, штитникот за браникот е специјално создаден во склад со останатите надворешни стилски елементи на возилото, но и како посебен дел.
100,00 €

Ѕиден полнач со интегриран кабел за полнење за домашна употреба - Избрано од Volvo Cars
Ѕидниот полнач доаѓа со интегриран кабел за полнење од 4,5 метри со приклучок од тип 2 (IEC 62196). Може да се инсталира на ѕид внатре или на отворено - блиску до местото каде што го паркирате вашиот автомобил.
1.196,00 €

Заштитна плоча под моторот
Го штити моторот, картерот и менувачот од удари при возење по лоша подлога, ако патот е нерамен или има многу бари. Се состои од алуминиумска плоча која го штити просторот на моторот и спречува влегување на камчиња.
410,00 €

Камера за снимање на возењето, напред и назад
Камерата ви овозможува убави спомени од патувањето и дополнителен пар очи за да видите што се случувало пред и зад вашето возило. Можно е да се инсталира само предна камера или предна и задна камера заедно. Со помош на Wi-Fi хотспот можно е да се синхронизира камерата со апликацијата DVR on Road.
509,00 €

Кровен куфер, Travel Active 500
Овој кровен куфер дизајниран од Volvo Cars има волумен од 500 литри, што го прави многу функционален за патувања со автомобил со голема количина багаж. Големиот волумен на товар може да собере подолги предмети како сноуборд и скии, па дури и има простор за ранци и склопувачки столчиња.
653,00 €

Кука за влечење на склопување XC90
Секоја кука за влечење на Volvo е дизајнирана за вашето Volvo. Тие се составен дел од каросеријата на автомобилот и се тестирани за да се потврди дека ги задоволуваат најстрогите безбедносни и функционални барања. Со електрично преклопливата кука не мора физички да се оптеретувате за нејзино откачување/отстранување. Склопувањето на куката се извршува со едноставно притискање на копче во багажниот простор, воедно со едноставно движење на раката ја подесувате куката во заклучена положба.
976,00 €

Кука за влечење на склопување XC60

962,00 €

Кука за влечење на склопување XC40

1.081,00 €
Проверете ја понудата кај претставникот.
Premium Brands
Pero Nakov 25 ,
1000 Skopje 026159930