
Акциска понуда
Нов Volvo со дополнителни поволности
Возете се во нов Volvo SUV од само 39.990 €. Целосно електричниот Volvo EX30 започнува од 33.488 €, а со Volvo EX90 можете да уживате во дополнителен попуст до 10.000 €! Сите модели доаѓаат со 3 години вклучен редовен сервис и одржување.*




*За Volvo EX30 и Volvo EX90, цената вклучува одржување и осигурување од абење и оштетување во траење од 3 години или до 100.000 км, што настапи прво. Ова вклучува замена на филтри за воздух, заптивната смеса за гуми, дисковите и плочките за сопирање по потреба, чистење на шофершајбната (сензори), ажурирања на софтверот и Volvo Assistance 24/7.
*Дополнителен попуст до 10.000 евра важи само за Volvo EX90.
*Договорот за сервис на Volvo за три години вклучува редовни прегледи за одржување, замена на масло и филтри за масло, проверки на системот за сопирање, проверки на течности (за ладење, за сопирачки, за миење на шофершајбна), замена на филтри (воздух, гориво, кабина), проверки на електронскиот систем и ажурирања на софтверот. Сите делови што се користат се оригинални компоненти на Volvo, што обезбедува врвен квалитет и безбедност. Сите сервиси ги извршуваат сертифицирани техничари на Volvo во овластен сервисен центар на Volvo. Се води дигитален запис за сервисирање и до него може да се пристапи преку апликацијата Volvo Cars. Договорот опфаќа и работен час и материјали, вклучувајќи масла, течности и резервни делови, како што е дефинирано во оригиналниот распоред за сервисирање на Volvo, што и да настапи прво: 1 година или 30.000 km, 2 години или 60.000 km, 3 години или 90.000 km.
Потрошувачка на електрична енергија: 168–220 Wh/km. Комбиниран електричен досег: 570–462 km. Досег на градско возење: 794,4–428 km. Категорија на емисија: EURO AX.
Според новиот WLTP стандард, просечната потрошувачка на гориво изнесува од 0 до 9,844 л/100 км, а просечните емисии на CO₂ се во опсег од 0 до 223 г/км. Нивото на емисија ги опфаќа стандардите EURO AX/EURO 6e/EURO 6e‑bis, додека емисијата на азотни оксиди (NOₓ) варира од 0 до 0,0294 г/км. Специфичните емисии на цврсти честички се движат од 0 до 0,00194 г/км, со број на честички до 2,13×10¹¹. CO₂ е главниот стакленички гас што придонесува за глобалното затоплување, додека емисиите од сообраќајот значително го влошуваат квалитетот на воздухот преку повисоки концентрации на приземниот озон (O₃), честички PM₁₀ и PM₂.₅ и азотни оксиди.
Изразените цени се необврзувачки, односно препорачани малопродажни цени, од информативен карактер и истите се во евра и вклучуваат ДМВ, 18 % ДДВ и еколошка такса. Во случај на додавање на дополнителна опрема, наведените цени ќе се зголемат за цената на дополнителната опрема. Понудата важи за ограничена количина на возила. Моделска година 2026.
Одредени податоци може да содржат грешки, да бидат нецелосни или да се променети во текот на процесот на објавување. Производителот го задржува правото на промена на цени, материјали, спецификации и модели во било кој момент и без претходна најава. Пред нарачка контактирајте го вашиот Volvo застапник за најнови информации. Не сме одговорни за печатните грешки. Сликите се симболични. Повеќе информации на volvocars.mk или кај овластениот застапник на Volvo.