Победувајќи во голема конкуренција, EX30 ја доби наградата за светски урбан автомобил за 2024 година во презентација што се одржа денес на меѓународниот автомобилски саем во Њујорк. Нашиот најмал SUV досега исто така беше прогласен за еден од најдобрите три автомобили во светот во конкуренција од 38 номинирани автомобили.
„Добивањето на оваа награда со EX30 претставува големо задоволство и цврста потврда за нашата амбициозна стратегија за електрификација“, изјави Џин Роан, нашиот генерален директор. „Реакцијата за EX30 од страна на клиентите ги надмина нашите очекувања и се докажа дека тој е совршен автомобил за денешниот пазар затоа што сѐ поголем број купувачи на автомобили се префрлаат на целосно електрични автомобили. Убеден сум дека EX30 силно ќе придонесе за нашиот раст оваа година и во иднина.“
