Заштита на малите патници

Детски седишта и подлоги за седење Volvo

Слика од семејство со две млади деца.
Седиште за бебиња на Volvo за деца високи 40 – 73 cm.

Седиште за бебиња

40 – 73 cm или до 10 месеци

Обезбедувајќи удобност и заштита за бебињата до 10 месеци (или 40 – 73 cm), нашето седиште завртено наназад може да се спои со ISOFIX основа. Тоа има длабок дизајн и високи странични рачки со потпирач за главата. Тапацирот е направен од удобен материјал од 80% волна, која дише и се пере во машина. Седиштето исто така има и приспособлива рачка за носење.

Задното детско седиште на Volvo е соодветно за новороденчиња, па до 4 години.

Задно детско седиште со лесен пристап

40 – 105 cm, новороденче – 4 години

Идеалното решение за повеќето деца на возраст до 4 години, нашето седиште завртено наназад со функција за вртење и ISOFIX монтирање го олеснува поставувањето и подигнувањето на вашето дете. Откако детето ќе се врзе, едноставно вртете го седиштето сѐ додека не кликне во позиција. Тапацирот е направен од удобен материјал од 80% волна, која дише и се пере во машина.

Седиштето завртено наназад на Volvo за деца помеѓу 9 – 25 kg, 9 месеци – 6 години.

Детско седиште завртено наназад

9 – 25 kg, 9 месеци – 6 години

Дизајнирано за да се обезбеди удобност и безбедност за децата на возраст помеѓу 9 месеци и 6 години (или 9 – 25 kg), нашето седиште завртено наназад е прицврстено со ременот на автомобилот и окцата на подот. Тапацирот е направен од удобен материјал од 80% волна, што дише и се пере во машина. Седиштето исто така нуди многу простор за нозете и опции за навалување и закосување.

Подлога за седење на Volvo за деца помеѓу 15 – 36 kg, 4 – 10 години.

Подлога за седење

15 – 36 kg, 4 – 10 години

Идеалниот избор за повеќето деца на возраст 4 – 10 години (или 15 – 36 kg), нашата подлога за седење има полнет потпирач за глава, високи странични рачки, како и заштита за рамената. Лесна е за монтирање со системот ISOFIT, а тапацирот е составен од удобен материјал од 80% волна, што дише и се пере во машина.

Перниче и потпирач за грб на подлогата за седење на Volvo за деца помеѓу 15 – 36 kg, 4 – 10 години.

Перниче/потпирач за грб на подлогата за седење

15 – 36 kg, 4 – 10 години

За деца на возраст 4 – 10 години (или 15 – 36 kg), нашето перниче на подлогата за седење со потпирач за грб помага да се обезбедат удобност и безбедност како што расте вашето дете. Со пет поставувања за висината, може да се приспособува за да се овозможи поопуштена положба. Тапацирот е направен од удобен материјал од 80% волна, што дише и се пере во машина.

Истражете ја колекцијата

Дете како седи во детско седиште на Volvo и гледа надвор

Безбедност на децата

Volvo Cars отсекогаш предничел во иновациите за безбедност на децата. Нашиот пристап се заснова на истражувањата за безбедност во реалниот живот и на доброто разбирање на вашите потреби и на потребите на вашето дете.