Volvo караван
Икона на Volvo дизајнирана за животен стил и семејна безбедност.

Нашите каравани се конструирани за да се усогласат со модерниот семеен живот, давајќи ви безбедност, удобност и сестраност.
Запознајте го семејството каравани на Volvo
Споредете ги караваните на Volvo
V60 Recharge
plug-in хибридСреден, 5 седишта
1138 x 731 x 1033
59km(електрично);1,5-2,3 литри/100km
*Статистиките за plug-in хибридот го прикажуваат „максималниот“ досег. Дадените вредности за потрошувачка на гориво се одредени согласно ново воведената постапка за тестирање лесни возила (WLTP).
Асистенцијата за возачот со прилагодување на брзината во кривини, обезбедува поголема удобност и поопуштено возење.
Четирите камери со висока резолуција во даваат 360° преглед од птичја перспектива за да можете лесно да го паркирате вашиот караван – без разлика колку е тесен просторот.
Панорамскиот покрив што се отвора и навалува ви овозможува веднаш да уживате во свежиот воздух и да го гледате небото. Отворете го и дозволете му на сонцето да влезе внатре само со еден допир на копче.
Додадената безбедност значи поголема разноврсност
Нашите каравани Volvo се полни со структурни карактеристики и автоматски системи што помагаат за вашата безбедност. Од градските улици, па сѐ до руралните патишта, може да сметате на нас.
Истражете го караванот Volvo




Поврзете го вашиот свет
Со вграден Google, вашето возачко искуство ќе го достигне следното ниво. Зборувајте со Google за помош со гласовни команди преку Google Assistant, уживајте во информациите за сообраќајот во реално време и автоматското менување на маршрутата со Google Maps и пристапувајте до вашите омилени апликации со Google Play.

Разновидност
Нашите каравани се конструирани да се усогласат со различните реалности и потреби на модерниот семеен живот, со целиот простор, сестраност и секојдневна практичност што ви се потребни.

Простор за целото семејството
Нашите кабини се како скандинавска дневна соба. Комфорот, природните материјали и паметната искористеност на просторот создаваат топла и привлечна средина.

Како изгледа полнење на Volvo караван
Ве интересира ли како се полни електричен автомобил? Започнете го вашето патување со истражување на врските помеѓу типовите полнење, погонските мотори и досегот.
Истражете повеќе модели на Volvo




Алатки за купување
Прикажаните карактеристики може да не се стандардни или достапни за сите модели, стилови и опции за мотори.