Volvo Car Финансирање

Обликувано околу Вас

Изборот на автомобил оди заедно со изборот на адекватен начин на финансирање. Затоа, направивме сѐ за создадеме начин на финансирање кој ќе одговори на Вашите потреби. Финансиските услуги кои ги нудиме беа формирани имајќи ги предвид Вашите желби. Се погриживме да имаме најдобра каматна стапка на пазарот во комбинација со најповолни услови за автомобилите од премиерната понуда. Ние ќе Ви овозможиме безгрижно и удобно искуство, прилагодено лично за Вас, според Вашите потреби.

Безгрижно

Вашата доверба ни значи повеќе од сѐ. Токму затоа, услугата Volvo Car Финансирање е едноставна, прегледна, чесна и брза, со што ја покажуваме нашата посветеност да бидеме практични и достапни. Во согласност со кодексот на Volvo Car групацијата, Ви овозможуваме да бидете потполно опуштени и безгрижни.

Прилагодено за Вас

Кон Вашите желби се прилагодуваме со понуда за финансирање која е обликувана токму според Вас! Тоа значи дека со Вас го договараме целиот начин на финансирање, неговото времетраење, висината на месечната рата и учеството, а ние се погриживме да ја обезбедиме најниската каматна стапка на пазарот.

Лично

За да Ви го олесниме изборот и начинот на финансирање, нашиот тим за продажба најдоцна во рок од 24 часа ќе изработи предлог кој ќе се однесува лично на Вас и Вашите желби и потреби. Внимателно ги чуваме и ги обработуваме и Вашите лични податоци според највисоките безбедносни стандарди.

Удобно

Ако Вие се решите да купите нов Volvo автомобил, ние ќе се погрижиме целото искуство да биде максимално удобно. Целата процедура ќе ја завршиме во нашиот салон, каде ќе ги процесираме сите детали од продажбата, со што ќе Ви заштедиме време и пари.

Најди го твоето дилерство