Skip to content

Volvo Recharge

Нашата палета на целосно електрични и plug-in хибридни автомобили

Откријте ги нашите целосно електрични и plug-in хибридни автомобили. Дизајнирани за подобар начин на движење низ светот.

Значителен луксуз

Доживејте го новиот луксуз каде што веднаш достапната моќ е придружена со ниски или нула издувни гасови. Volvo Recharge ви овозможува технологија, дизајн и одржливи материјали што го поставуваат на друго ниво вашето возило.

Посветени на безбедноста

Уште од 1972 година, безбедноста е с'ржта на Volvo. А со претставувањето на линијата автомобили Recharge, нашата амбиција е да се создадат најбезбедните автомобили на патот. За луѓето и за нивната иднина.

Вистински чисто

Без разлика дали ќе одберете Recharge целосно електричен или plug-in хибриден автомобил, може да го возите без издувни гасови. Само изберете целосно електричен погон во вашиот plug-in хибрид за да продолжите со секојдневното патување користејќи го само електричниот мотор на автомобилот.

Recharge погони

Целосно електричен автомобил

Понекогаш тивкиот начин е најмоќниот начин, со нула издувни гасови и помалку бучава при сите брзини. Опремен со високонапонска батерија и двојни електрични мотори, нашиот XC40 Recharge целосно електричен автомобил е чист напредок за претстојниот пат.

Plug-in хибрид

Помалку гориво, поголема цел. Кај нашите Recharge plug-in хибриди, електричниот мотор и моторот со внатрешно согорување се здружени за да се овозможи избор на Pure електричен режим, моќен режим и хибриден режим, давајќи ви целосна контрола на возење и помалку издувни гасови.

Ве интересира полнењето на автомобилот Volvo Recharge?

Близок кадар на предната лева страна од сив Volvo со бел кабел за полнење приклучен во портата на автомобилот

Истражете ја врската помеѓу типовите полнење, моторните погони и досегот и подгответе се за електричното патување што ви претстои.

Трошоците за поседување електричен автомобил може да бидат значително пониски од автомобил со погон на гориво.

Трошоци за купување

На многу места, трошоците за купување електрично возило се компензираат со даночни олеснувања. Таквите придобивки варираат во различни земји.

Трошоци за одржување

Со помалку подвижни механички делови и течности, сервисот и одржувањето честопати чинат помалку за електричен автомобил.

Трошоци за секојдневна употреба

Повеќето луѓе, полнењето го вршат претежно дома или на работа. Ако поголемиот дел од полнењето можете да го извршите на овие места, струјата за полнење на автомобилот може да чини значително помалку од горивото што е потребно да се помине истата километража.

Сив Volvo вози на пат со карпи отстрана на патот

Кога полнењето не е опција

Не можете да го наполните автомобилот? Нема проблем. Истражете ја нашата палета на други моторни погони. Изберете благ хибрид за да искористите помала потрошувачка на гориво и беспрекорното возење.

Дел од одржливата слика. Нашите електрични автомобили се само еден дел од нашата поголема амбиција за иднината.

Син, целосно електричен Volvo C40.

Во 2020 година

Лансиравме целосна линија на plug-in хибридни и целосно електрични автомобили, почнувајќи со нашиот прв целосно електричен теренец – XC40 Recharge.

До 2025 година

Нашата цел е 50 проценти од автомобилите што ги продаваме да бидат целосно електрични, а останатите хибриди.

До 2040 година

Се стремиме нашиот цел синџир да биде климатски неутрален, согласно целите на Парискиот договор.