Skip to content

Volvo S90

Благ хибрид

Volvo S90

Volvo S90

Благ хибрид
Темен Volvo S90 е паркиран пред сив ѕид.

Очекувајте повеќе.

Прифатете ги новините и контролирајте го патувањето. Го претставуваме скандинавскиот луксузен седан со вграден Google.

ЦелоснаLED Технологија

технологија на осветлување

95%

Прочистување на воздухот во кабината

360°

Камера

Google

Вградено

Volvo S90 делумно прикриен од скали.
Volvo S90 е паркиран пред скали, маж оди кон автомобилот.
Во внатрешноста на Volvo, има опција за кристален менувач од автентичен шведски кристал од Orrefors.

Имајте контрола во секое време со интуитивната технологија и вградениот систем на Google.

Најдобра навигација во класата

Автомобилот има целосно интегриран систем на Google кои се раководи со гласовни команди преку Google Assistant, па така сообраќајните информации во реално време и автоматското менување на маршрутата, помагаат да стигнете на вашето одредиште со помалку компликации.

Практичност во самиот автомобил

Со Google Assistant во вашиот Volvo,  можете да добиете насоки, да уживате во забавните содржини, да бидете во контакт со пријателите, семејството и колегите и прецизно да ја нагодувате средината во вашата кабина – сето тоа без да ги тргнете рацете од воланот. Едноставно кажете „Hey Google“ за да почнете.

Завршете повеќе работи додека сте на пат

Со Google, можете да ги поврзете вашите омилени апликации и уреди за беспрекорно да ги завршувате работите во текот на вашиот ден. Поврзете се лесно и контролирајте ги компатибилните паметни уреди во домот додека се наоѓате во автомобилот за да имате поголема практичност.

Нурнете се во ексклузивно медиумско и аудио искуство.

Разговарајте со Google во вашиот S90 за контрола без користење на рацете. Преку познат интерфејс можете да уживате во забавата и да бидете во контакт со пријателите, семејството и колегите – едноставно со користење на вашиот глас. Со пристап до апликации на Google Play и опционален звучен систем Bowers & Wilkins со врвна технологија, вашиот автомобил и вашиот живот ќе бидат блиски како никогаш досега.

Google Assistant

Помош го користење на гласовни команди во автомобилот.

Bowers & Wilkins звучници во Volvo S90.
Bowers & Wilkins

Неверојатен дизајн на звучник со врвна технологија и премиум звук.

Google Play

Останете поврзани со вашиот дигитален живот.

Персонализирајте го. Откријте интуитивна удобност и персонализирана практичност.

Близок кадар од маж во задното седиште на Volvo S90.
Маж што седи на задното седиште на Volvo S90.
Маж се подготвува да влезе во својот Volvo S90.
Близок кадар од маж во задното седиште на Volvo S90.

Почист воздух во кабината

Напредниот прочистувач на воздухот во првиот светски систем за квалитет на воздухот спречува до 95 проценти од опасните PM 2,5 честички што навлегуваат во кабината. Тоа може да ви помогне вам и на вашите патници да уживате во подобар квалитет на воздухот, без оглед на надворешните услови.

Маж што седи на задното седиште на Volvo S90.

Луксуз на задните седишта

Кај задните седишта, пространиот дел за нозе и седиштата од напа-кожа ја оптимизираат удобноста додека ексклузивниот централен потпирач за раце овозможува опуштање кај патувањата на долги релации и практично место за складирање на важните работи.

Маж се подготвува да влезе во својот Volvo S90.

Достапни во секое време

Со само еден допир на копче, член на тимот на Volvo ќе ве побара и ќе ви помогне да го најдете тоа што ви треба – па вие можете да останете фокусирани на патот.

Volvo S90 што вози на крајбрежен пат.

Искористете ја вратената енергија.

Нашите благи хибриди штедат гориво и ги намалуваат издувните гасови. Тоа се одвива со враќање на енергијата од сопирачките и нејзино складирање во батерија од 48V.

Префинето возење

Уживајте во мазни поаѓања, префинетото забрзување и оптимизираната ефикасност со технологијата старт/стоп.

Помала потрошувачка на гориво

Интегрираниот генератор за стартување активно го поддржува моторот и ја намалува потрошувачката на гориво додека испорачува опуштено и контролирано возење.

Асистенција на патот. Тоа е во нашата ДНК.

Асистенција на патот. Тоа е во нашата ДНК.

Нашиот систем за известување за мртва точка (BLIS) обезбедува активна поддршка кога менувате ленти. Доколку постои ризик од судир со други возила во соседната лента, системот за известување за мртва точка (BLIS) може суптилно да го прилагоди управувањето, со што се помага вие, вашиот автомобил и вашите сакани да бидат таму каде што сакате.

Дење или ноќе, нашата интелигентна технологија за помош околу безбедноста може да ви помогне да откриете и избегнете други возила, пешаци, велосипедисти и големи животни. Тоа го прави прво со предупредување на возачот, а потоа со автоматско сопирање доколку возачот не успее да реагира.*

Предупредувањето за вкрстен сообраќај со автоматска сопирачка го поддржува возачот кога враќа наназад со ограничена прегледност. Системот може да открива возила што преминуваат одзади и доколку е потребно, автоматската сопирачка може да се активира.**

* Возилата, пешаците и велосипедистите што се движат во иста насока со автомобилот, може да бидат откриени во определени брзини и услови. Системите за откривање зависат од тоа да објектите бидат осветлени и бараат предните и задните светла на возилото да работат кога е темница. Возачот цело време останува одговорен за безбедно возење.

** Функциите за поддршка на возачот не се замена за вниманието и проценката на возачот. Предупредувањето за вкрстен сообраќај може да има ограничена функционалност во одредени ситуации. Интервенцијата на сопирачката е активна само при помала брзина.

*** Функциите за поддршка на возачот не се замена за вниманието и проценката на возачот. Поддршката за управување е активна на брзини помеѓу 60-140 km/h.