Безбедност на децата

Седишта со зајакнати страници Безбедни седишта за деца од 1960 година

Скапоцени патници

Безбедноста отсекогаш била наш приоритет број еден во Volvo Cars. Безбедност за возачот, патниците, другите возачи и, се разбира, пешаците. Отсекогаш сме биле во првите редови на иновациите во областа на безбедноста - и секако безбедноста на децата не е исклучок. Од 1964 година, кога за првпат започнавме со тестирање на детски седишта, ние постепено ја подобрувавме безбедноста, леснотијата на користење и, што е најважно, удобноста за вашите деца кога патуваат во вашиот Volvo.

Дизајнирани за во реален свет

Нашиот уникатен пристап кон безбедноста на децата вклучува создавање и извршување тестови основани врз реални сообраќајни ситуации. Ова ни овозможува внимателно да следиме како секое детско седиште реагира во реална средина, а потоа да ги прилагодиме нашите дизајни соодветно.

Како резултат на нашето истражување, силно можеме да препорачаме да децата на возраст до четири години треба да седат свртени наназад.

Во Volvo Cars, нашата визија е никој да не биде убиен или сериозно повреден во нов автомобил на Volvo.

Преземете го нашиот прирачник за безбедност на децата

Безбедност на детето на предното седиште

Нашата препорака за употреба на воздушно перниче кај совозачкото седиште, за деца е ажурирана, благодарение на напредокот на технологијата на воздушни перничиња во последните неколку години. Затоа, имаме нова препорака за безбедност на децата кои патуваат на совозачкото седиште во автомобилите на Volvo. Краткиот филм одлево и документот за преземање, подолу, даваат добар преглед на оваа нова препорака и како таа се аплицира на актуелните и постарите модели на Volvo.

Преземете новиот документ со преораки

Детски седишта

Нашите детски седишта комбинираат сè што знаеме за безбедноста со прекрасен скандинавски дизајн. Направени се со природни волнени ткаенини, тие се најудобните детски седишта досега.

Заштитете го она што ви е важно со детските седишта на Volvo Cars.

Истражете ја историјата на иновации за безбедност на децата во Volvo

Previous:

Next: