Дополнителна опрема за полесно живеење
Често пати имајќи ја на ум одржливоста, нашиот опсег на додатоци е испробуван, тестиран и создаван во согласност со вашиот Volvo за да се обезбедат совршена усогласеност и функционалност.


Позитивна енергија
Без разлика дали ви треба дополнителен кабел за полнење или едноставно торбичка за чување на вашиот постоечки. Откријте ги нашите додатоци за полнење.

Направете подобрување
Не само што нашето скалило под вратата го прави изгледот на вашиот автомобил стилски подобар, туку тоа е и практично. Ви овозможува да се поткачите за да досегнете до кровот за поедноставно натоварување и растоварување.

Направете простор за авантура
Кровниот багажник е совршен придружник за секое патување, ослободувајќи дополнителен простор во делот за товар – идеално за викенд патувања со многу товар.

Покријте се
Од патосници до капаци за браник. Заштитете ги внатрешноста и надворешноста на вашиот Volvo со еден од нашите ексклузивни пакети за додатоци, дизајнирани за совршено да одговараат на вашиот автомобил.

Заштита на малите патници
Од модели ISOFIX за деца, до подлоги за седење за поголеми деца. Нашата повеќедецениска експертиза е вложена во сите детски седишта за да се обезбедат максимална безбедност и удобност, подготвени за заштита на вашиот најскапоцен товар. И поради тоа што знаеме какви се децата, нашите седишта се тапацирани со волнен материјал што дише и лесно се вади и се пере во машина.

Најдобриот пријател на автомобилот
Кучињата повеќе нема да излегуваат. Уникатно дизајнирана за да влезе во делот за товар на автомобилот, нашата врата за кучиња комбинира заштитна решетка со разделник за одделите за кучињата да бидат безбедни додека сте на пат.

Останете со полна батерија
Нема подобро чувство од тоа да пристигнете во целосно наполнет автомобил. Нашата стилска торбичка за кабелот за полнење е совршено место за лесно чување, поради што вашата внатрешност ќе остане чиста и без валканици.
Истражете ја колекцијата
Истражете го нашиот целосен дијапазон на првокласни додатоци – дизајнирани за да го направат вашиот живот со Volvo поедноставен, побезбеден и попрактичен.

Безбедност на децата
Volvo Cars отсекогаш предничел во иновациите за безбедност на децата. Нашиот пристап се заснова на истражувањата за безбедност во реалниот живот и на доброто разбирање на вашите потреби и на потребите на вашето дете.