Volvo XC60 Recharge

Volvo XC60 Recharge

Volvo XC60 Recharge

Интелигентниот XC60.

Вграден Google и возбудливо plug-in хибридно возачко искуство – нашиот теренец од средна големина е попаметен, како и да го гледате.

Жена гледа во Volvo XC60 Recharge приклучен во столб за полнење и се полни.
Близок кадар од ентериерот на седишта од мешавина од волна без кожа во XC60 Recharge.
Задно светло на Volvo XC60 Recharge.
Слика со технички детали за шасијата, батеријата и моторниот погон на Volvo plug-in хибрид.

Целосно електрична слобода – сега полесно од кога било.

XC60 Recharge е опремен со нашиот plug-in хибриден моторен погон од најновата генерација. Обезбедувајќи висока моќност и подолг електричен опсег, овој динамичен теренец од средна големина ја оптимизира целосно електричната слобода и дополнително ги намалува издувните гасови.

Подолг електричен опсег

Одете подалеку со само едно полнење. Во целосно електричниот режим, XC60 Recharge може да извози и до 79km со нула издувни гасови.*

Возење со една педала

Оптимизираната функционалност за возење со една педала пружа беспрекорно електрифицирано возачко искуство со помала потреба за користење на сопирачката.

* Бројките се засноваат врз податоци добиени со тестирање под специфични услови, во согласност со стандардната постапка за тестирање на лесни возила (WLTP). Реалните досег при возењето, потрошувачка на гориво и енергија што се достигнуваат под реални услови се разликуваат во зависност од однесувањето при возењето и други надворешни фактори. Бројките се прелиминарни, конечниот сертификат за возилото е на чекање.

* Бројките се засноваат врз податоци добиени со тестирање под специфични услови, во согласност со стандардната постапка за тестирање на лесни возила (WLTP). Реалните досег при возењето, потрошувачка на гориво и енергија што се достигнуваат под реални услови се разликуваат во зависност од однесувањето при возењето и други надворешни фактори. Бројките се прелиминарни, конечниот сертификат за возилото е на чекање.

Контролирајте го вашето динамично возење со интуитивна технологија и вграден Google.

Најдобра навигација во класата

Со целосно интегрираните „Мапи на Google“, гласовна контрола на Google Assistant, сообраќајни информации во реално време и автоматското менување на маршрутата, вие стигнувате на вашето одредиште со помалку компликации.

Практичност во самиот автомобил

Со Google Assistant во вашиот Volvo може да добивате насоки, да уживате во забавни содржини, да бидете во контакт со пријателите, семејството и колегите и прецизно да ја нагодувате средината во кабината – сето тоа без да ги тргнете рацете од воланот. За да почнете, едноставно кажете „Hey Google“.

Завршете повеќе работи додека сте на пат

Со Google, можете да ги поврзете вашите омилени апликации и уреди за беспрекорно да ги завршувате работите во текот на вашиот ден. Лесно поврзете се и контролирајте ги паметните уреди во домот додека се наоѓате во автомобилот за да имате поголема практичност.

Влезете во ексклузивно медиумско и аудио искуство.

Зборувајте со Google во вашиот XC60 Recharge теренец за контрола без употреба на раце. Преку познат интерфејс можете да уживате во забавата и да бидете во контакт со пријателите, семејството и колегите – едноставно со користење на вашиот глас. Со пристап до апликации на Google Play и опционален звучен систем Bowers & Wilkins со врвна технологија, вашиот автомобил и вашиот живот ќе бидат блиски како никогаш досега.

Google Assistant

Помош со гласовни команди во автомобилот.

Bowers & Wilkins

Уживајте во најсовремените аудио перформанси.

Bowers & Wilkins звучници во Volvo XC60 Recharge.
Google Play

Останете поврзани со вашиот дигитален живот.

Асистенција на патот.Тоа е во нашата ДНК.

Асистенција на патот.Тоа е во нашата ДНК.

Предупредувањето за вкрстен сообраќај со автоматска сопирачка го поддржува возачот кога враќа во рикверц со ограничена прегледност. Системот може да открива возила што преминуваат одзади и доколку е потребно, автоматската сопирачка може да се активира.*

Нашата технологија за помош може да помогне во густ сообраќај и автоматски да го сопре автомобилот доколку постои ризик од судир

И дење и ноќе, нашата интелигентна технологија за подобра безбедност може да ви помогне да ги видите и да ги избегнете другите возила, пешаци, велосипедисти и големи животни. Тоа го прави прво со предупредување на возачот, а потоа со автоматско сопирање доколку возачот не успее да реагира.**

* Функциите за поддршка на возачот не се замена за вниманието и проценката на возачот. Предупредувањето за вкрстен сообраќај може да има ограничена функционалност во одредени ситуации. Интервенцијата на сопирачката е активна само при помала брзина.

** Возилата, пешаците и велосипедистите што се движат во иста насока со автомобилот, може да бидат откриени во определени брзини и услови. Системите за откривање зависат од тоа објектите да бидат осветлени и бараат предните и задните светла на возилото да работат кога е темница. Возачот цело време останува одговорен за безбедно возење.

*** Функциите за поддршка на возачот не се замена за вниманието и проценката на возачот. Поддршката за управување е активна на брзини помеѓу 60-140 km/h.

Наведените карактеристики може да не се стандардни или достапни за сите стилови и опции на моторот.

Google, Google Play и „Карти на Google“ се заштитени трговски марки на Google LLC.