Визија за работите што доаѓаат. Откријте го нашиот целосно електричен кросовер со внатрешност без кожа и вграден Google. Започнете ја вашата нарачка онлајн денес.*

* Продавачот ќе ја финализира вашата нарачка согласно неговите одредби и услови.

* Продавачот ќе ја финализира вашата нарачка согласно неговите одредби и услови.

Fjord сина предна надворешност на Volvo C40 Recharge
Volvo C40 Recharge во Fjord сина боја со кабел за полнење.
Volvo C40 Recharge Harman Kardon премиум звук.
Fjord сина предна надворешност на Volvo C40 Recharge
Volvo C40 Recharge во Fjord сина боја со кабел за полнење.
Volvo C40 Recharge Harman Kardon премиум звук.
Поглед на предниот патник на централниот приказ и на задно осветлениот декор на Volvo C40 Recharge.
Дизајн на надворешноста на Volvo C40 Recharge во Flord сина боја.
Задна надворешност на Volvo C40 Recharge во Flord сина боја.
Преден екстериер на Volvo C40 Recharge во Flord сина боја.
Панорамски кров на Volvo C40 Recharge.
Поглед на внатрешноста на предните седишта и управувач на Volvo C40 Recharge.
Fjord сина странична надворешност на Volvo C40 Recharge
Панорамскиот кров на Volvo C40 Recharge виден одгоре.
Дизајн на надоврешноста на Volvo C40 Recharge со Silver Dawn боја.
Задните LED светла на Volvo C40 Recharge со секвенца за добредојде и за збогување.

Чисто срце во смело тело. Запознајте го нашиот електричен кросовер.

До 507

km

4,7

s

408

hp

27

мин.
Помалку минути за полнење, повеќе километри
Без компромиси
Агилност на задните тркала

Бројките се прелиминарни и произлегуваат од проценките и пресметките извршени од страна на Volvo Cars за C40 Recharge со двоен мотор и овие резултати не се загарантирани. Реалниот досег при возењето и потрошувачка на енергија што се достигнуваат под реални услови се разликуваат во зависност од однесувањето при возењето и други надворешни фактори. Времињата на полнење може да се разликуваат и зависат од некои фактори, како што се надворешната температура, тековната температура на батеријата, опремата за полнење, состојбата на батеријата и состојбата на автомобилот. Сертификатот за возилото сѐ уште не е издаден. Отворете ги целосните Спецификации за да прегледате други опции за погонот.

Изразете се себеси. Совршениот дизајн и внатрешноста без кожа го поставуваат тонот во внатрешноста на C40 Recharge.

Повеќе од тоа што го сакате. Внесете се во паметните карактеристики и технологијата што ви носи многу можности.

Вграден Google
Прочистувач на воздухот
Премиум звук на Harmon Kardon
Камера во 360°
Предупредување за вкрстен сообраќај
Апликација Volvo Cars

Што сакате да знаете за целосно електричниот C40 Recharge?

Што значи тоа што можам да ја започнам нарачката на целосно електричниот C40 Recharge онлајн?

Ќе можете да го конфигурирате вашиот автомобил во согласност со вашите претпочитани вредности, да ги прегледате различните опции за финансирање за купување на автомобилот, а потоа ќе го прегледате целосното резиме на нарачката. Ако сте задоволни од прегледот на нарачката, можете да ги пополните вашите лични детали, да изберете продавач по ваш избор и да го поднесете барањето за нарачка. Ќе примите потврда преку порака со сите детали и продавачот ќе контактира со вас во рок од еден работен ден за да продолжите со последниот чекор за нарачување на вашиот нов автомобил.

Дали може да се додаваат дополнителни пакети, опции или додатоци по поднесување на онлајн барањето за нарачка?

Да. По поднесување на формуларот за нарачка, продавачот што сте го избрале ќе контактира со вас. Пред завршување на нарачката, добредојдени сте да додавате достапни пакети, опции и други додатоци. Земете предвид дека ова може да ја зголеми цената.

Кои опции за финансирање се достапни?

Ова е опција за директно купување и опција за лизинг. Цените прикажани на нашата веб-локација се препорачаните цени, а конечната цена ќе се финализира заедно со вашиот локален продавач. Ниту еден депозит или исплата не се плаќаат онлајн. Откако ќе ја изберете вашата претпочитана опција за финансирање, условите на плаќањето ќе се разработат во детали од страна на вашиот продавач.

Дали физички треба да го посетам продавачот за да ја финализирам нарачката и да го потпишам договорот?

Да. Работиме на решение за плаќање онлајн, но засега, нарачката треба да се финализира и потпише физички од вашата страна и од страна на соодветниот продавач.

Дали сум во обврзувачки договор по поднесување на формуларот?

Не. Вашите податоци се користат само за обработување на вашето барање за нарачка.

Можам ли да го заменам мојот моментален автомобил?

За ова можете да разговарате со вашиот локален продавач.

Можам ли да направам онлајн барање за нарачка на други модели и погони?

Да, можете да ја започнете вашата нарачка онлајн за целосно електричниот XC40 Recharge и за C40 Recharge. Ако сте заинтересиран за друг модел или различен погон, вашиот локален продавач секако со задоволство ќе ви помогне да добиете примамлива понуда за ова.

Можам ли да закажам пробно возење на автомобилот?

Да, контактирајте со вашиот локален продавач и со задоволство ќе ви договори пробно возење.

Кои се различните достапни опции за поседување?

Го олеснивме поседувањето на целосно електричен C40 Recharge преку флексибилни опции за купување и лизинг. Можете да платите за автомобилот во целост при испораката или да ги искористите нашите понуди за финансирање.

Дали целосно електричниот C40 Recharge се нуди и во продажба за флота?

Контактирајте со нашиот тим за флоти на +389 2 6159 930. Со задоволство ќе ви одговориме на сите прашања и ќе разговараме со вас за опциите.

Колку долго може да возам пред да треба да ја наполнам батеријата на целосно електричниот C40 Recharge?

Volvo Cars проценува дека целосно наполнета батерија може да испорача предвиден досег од максимално 507 km (двоен мотор) или 476 – 533 km (еден мотор) во комбинирано возење.* Овие првични бројки сѐ уште минуваат низ процес на потврда и ќе се ажурираат кога ќе бидат достапни потврдените податоци за досегот.

Реалниот досег е под влијание на вашиот стил на возење и надворешните фактори како што се надворешната температура, временските услови, ветерот, топографијата и патиштата. Досегот исто така е и под влијание на тоа колку струја трошите за функциите на автомобилот како што се греењето и ладењето. Еден начин да се подобри досегот е да го климатизирате автомобилот за време на полнењето за кабината да има удобна температура кога ќе тргнете.

* Бројките се прелиминарни и произлегуваат од проценките и пресметките на Volvo Cars и овие резултати не се загарантирани. Реалните досег при возењето и потрошувачка на енергија што се достигнуваат под реални услови се разликуваат во зависност од однесувањето при возењето и други надворешни фактори. Сертификатот за возилото сѐ уште не е издаден.

Колкави времиња на полнење можам да очекувам кога полнам дома?

Времето на полнење зависи од опремата за полнење што ја користите, како и од електричната инсталација во вашиот дом. Стандардниот кабел за домашно полнење со приклучок за домаќинство, примарно е помошен кабел. Полнењето на празна батерија на 100 проценти со овој кабел трае приближно 8 – 76 часа, во зависност од пазарот.

За редовни и значително пократки времиња на полнење дома, препорачуваме 3-фазно ѕидно сандаче од 11 kW. Инсталацијата може да ви даде време на полнење од приближно 7 – 8 часа (од празна батерија до 100 проценти) или досег од околу 50 – 60 km на час.

Земете предвид: Времињата на полнење можат да варираат и зависат од фактори како што се надворешната температура, тековната температура на батеријата, опремата за полнење, состојбата на батеријата и состојбата на автомобилот.

Каква опрема ми е потребна за лесно и безбедно да го полнам мојот целосно електричен C40 Recharge дома?

Стандардниот домашен кабел за полнење првично е конструиран како помошен кабел за домашна употреба. За значително побрзо и попрактично полнење во домашни услови, препорачуваме да монтирате 3-фазно ѕидно сандаче од 11 kW.

Колку чини да се наполни батеријата на целосно електричниот C40 Recharge?

Трошоците за електрична енергија варираат во зависност од локалните услови, но може да бидат пониски во споредба со бензинот или дизелот. Намалениот трошок за гориво е, исто така, една од неколкуте причини да се префрлите на електричен автомобил. А за уште помали трошоци, можете претходно да го поставите вашиот целосно електричен C40 Recharge да се полни во периодите на евтина струја, а често тоа е навечер.

Можам ли да го користам целосно електричниот C40 Recharge за возење на долги релации?

Овој целосно електричен кросовер е совршено соодветен за удобно возење на долги релации. А големиот капацитет на батеријата ви помага да го направите тоа без да се грижите за досегот. Ако треба да полните за време на патувањето, можете да го направите тоа на станица за полнење со наизменична струја или на станица за брзо полнење со еднонасочна струја. На станица за брзо полнење со еднонасочна струја од 200 kW, возможно е да се наполни батеријата од 10 на 80 проценти за околу 27 минути (или досег од околу 80 – 100 km за 10 минути) – доволно време да се одморите или да каснете нешто за време на патувањето.*

* Времето на полнење е прелиминарно и е изведено од проценки и пресметки што ги има извршено Volvo Cars и овие исходи не се гарантирани. Земете предвид и дека времињата на полнење може да варираат и зависат од фактори како што се надворешната температура, тековната температура на батеријата, опремата за полнење, состојбата на батеријата и состојбата на автомобилот. Сертификатот за возилото сѐ уште не е издаден.

Кој е најбрзиот начин да го наполнам мојот целосно електричен C40 Recharge на долги патувања?

Најбрзото полнење ќе го добиете на попатните станици за брзо полнење со еднонасочна струја. За најбрзо можно полнење ви препорачуваме да го ограничите нивото за полнење на автомобилот на 80 проценти. Тоа помага времето на полнење да биде пократко, бидејќи последните 20 проценти од полнењето траат најдолго. Па, полнењето на батеријата од нула до 80 проценти на брз полнач со еднонасочна струја од 150kW трае само околу 40 минути. Но, ако е тоа потребно за да стигнете до вашето одредиште или до следната станица за полнење, можете да изберете да ја наполните батеријата до 100 проценти користејќи ги поставувањата на централниот екран на автомобилот.* Времето на полнење е прелиминарно и е изведено од проценки и пресметки што ги има извршено Volvo Cars и овие исходи не се гарантирани. Земете предвид и дека времињата на полнење може да варираат и зависат од фактори како што се надворешната температура, тековната температура на батеријата, опремата за полнење, состојбата на батеријата и состојбата на автомобилот. Сертификатот за возилото сѐ уште не е издаден.

Како автомобилот ми помага да ја најдам најблиската станица за полнење?

Во земјите каде што Google Maps ги вклучува станиците за полнење, можете да најдете јавни станици за полнење директно на централниот екран на автомобилот или преку апликацијата на вашиот телефон. Од тука можете и да ги избирате претпочитаните станици за полнење и да добивате насоки.

Може ли батеријата да се замени?

Ако батеријата или батерискиот модул треба да се заменат, ова може да се изврши исто како и со кој било друг технички дел на автомобилот.

Како влијае батеријата врз безбедноста при судир?

Батеријата носи дополнителна тежина од 500 kg што треба да се земе предвид при судир – како за патниците во автомобилот, така и за другите возила. За батеријата исто така е потребна и одделна заштита за да се избегне штетното протекување по судир. Користејќи повеќе различни иновативни безбедносни решенија, инженерите за безбедност на Volvo Cars го дизајнираа C40 Recharge да ги исполнува сите овие предизвици.

Кои апликации и услуги на Google се вградени во C40 Recharge?

Целосно електричниот C40 Recharge има вградени Google Maps, Google Assistant и Google Play.

Дали Volvo C40 Recharge има Apple CarPlay?

Да, Apple CarPlay е стандардна на целосно електричниот C40 Recharge.*

* Apple CarPlay може да се користи само во комбинација со iPhone од моделот 5 или понов. Apple CarPlay и iPhone се трговски марки на Apple Inc.

Дали дигиталните услуги се претплата?

Да, вклучен е пристап до услугите со времетраење од најмногу четири години. По тој период може да купите продолжување на претплатата ако сакате да продолжите да ги користите сите вклучени услуги.

Кога започнува претплатата на дигиталните услуги и колку трае?

Претплатата трае до четири години. Ако автомобилот е нов, овој период започнува на датумот на испорака од страна на продавачот. Претплатата е поврзана со автомобилот, па во случај да се продаде, целото преостанато време од претплатата се префрла на следниот сопственик/корисник.

Дали е вклучен целиот сообраќај на податоци за активирање на пакетот со дигитални услуги?

Не. За да пристапите до овие услуги, ќе мора да се поврзете со сопствен уред преку Bluetooth и да го искористите својот личен тарифен пакет.

Колкав е капацитетот за товар на целосно електричниот C40 Recharge?

Паметниот дизајн на батеријата значи дека сите патници имаат исто толку простор како во обичен автомобил. Ова исто така обезбедува сестраност без компромиси и паметни решенија за складирање. Капацитетот на задниот дел за товар е 413 литри вклучувајќи го делот под подот за товар. Батеријата го зазема просторот под подот за товар, но ова во голема мера се надоместува преку предниот дел за товар под хаубата, што нуди простор за каблите за полнење и другите предмети што не ви се потребни толку често, но сепак сакате да ви бидат лесно достапни доколку делот за товар е полн.

Колкав товар можам да влечам со целосно електричниот C40 Recharge?

Сметаме дека треба да возите на целосно електричен погон без да се загрозува секојдневната сестраност. Затоа целосно електричниот C40 Recharge со двоен мотор може да влече до 1.800 kg.

Каква гаранција има Volvo Cars за батеријата?

Гаранцијата на Volvo Cars за батеријата е 8 години или 160.000 km, што и да дојде прво, под услов автомобилот и батеријата да се одржуваат и користат во согласност со препораките на Volvo Cars.

Дали е потребно одржување и сервисирање за целосно електричниот C40 Recharge?

Електричните мотори се доживотно запечатени и не бараат одржување. Па, споредено со автомобил со погон на согорување, целосно електричниот C40 Recharge има потреба од многу помалку одржување, што може да доведе до помали оперативни трошоци.

Дали јаглеродниот отпечаток во животниот циклус на целосно електричниот C40 Recharge е помал од тој на еквивалентното возило со мотор на внатрешно согорување?

Во текот на животниот век на некое возило, јаглеродниот отпечаток на целосно електрично возило (BEV) е помал од тој кај традиционално возило со мотор на внатрешно согорување (ICE). Сепак, растојанието што треба да се вози за BEV да испушта помалку јаглеродни емисии отколку ICE возило во голема мера зависи од тоа како се создава струјата што го напојува возилото. Ако го полните вашето BEV со струја од обновливи извори, ќе треба да возите само 49.000 km за да се достигне таа точка, во споредба со 110.000 km ако користите струја создадена од глобалниот просек на комбинирано производство на струја. Кога е возможно, ве поттикнуваме да го напојувате вашето електрично возило со струја од обновливи извори.

Ние сме посветени на целосна транспарентност кога се работи за влијанието на јаглеродните емисии на нашите електрични возила и проценка на животниот циклус (LCA) на C40 Recharge може да се најде тука.

Како можам да знам дали батеријата на автомобилот била произведена на еколошки и општествено одговорен начин?

Како можам да знам дали батеријата на автомобилот била произведена на еколошки и општествено одговорен начин? Одговор: Volvo Cars е посветен на целосно следење на процесот, што помага да се обезбеди нашите клиенти да можат да возат електрични Volvo автомобили, знаејќи дека суровините за батериите се обезбедени на одговорен начин. Воведувањето на блокчејн технологија значително го зголемува следењето на процесот во нашиот синџир на снабдување со кобалт. Блокчејн, во содејство со проверките извршени на самите рударски локации, следењето преку GPS, скенирањето при влез и излез, потврдените логистички оператори, технологијата за препознавање лица, проверките на идентитет и временското следење придонесуваат за можноста за следење на материјалите од самиот рудник до фабриката за автомобили.

Volvo Cars тесно соработува со нашите добавувачи за да се зголеми одржливоста на нашите производи и услуги, вклучително и преку обезбедување на одговорни ланци на снабдување и ефикасно искористување на ресурсите. Ние сме посветени на одговорното експлоатирање на минералите и металите и целосно ги поддржуваме Насоките за одговорни ланци на снабдување на минерали од областите во кои има конфликти и областите со висок ризик на Организацијата за економска соработка и развој. Во овој однос, бараме нашите добавувачи на батерии да ја поддржат нашата посветеност за целосна транспарентност на нашиот ланец на снабдување со кобалт и да се стремат кон создавање целосен систем на следење.

Перформансите на одржливоста се клучна работа што ја земаме предвид при проценување и избирање на нашите добавувачи. Ги следиме перформансите на постоечките набавувачи и вршиме проверки со ревизии од трети страни. Исто така бараме од нашите добавувачи на батерии да го сведат на минимум испуштањето на јаглеродни гасови за време на производствените процеси, вклучувајќи и преку користење на обновлива енергија. Сите наши добавувачи мора да се согласат со Кодексот на однесување за деловните партнери на Volvo Cars, што го вклучува почитувањето на човековите права, вклучувајќи ги и правата од работен однос.

Целосно електричен живот

Полнење на вашиот Volvo

Volvo Recharge

Откријте ги придобивките.

Сервис и одржување

Сервисната програма на Volvo важи првите 3 години или 100.000 км (што прво настапи) од датумот на испорака и вклучува безбедносна проверка на возилото.

Асистенција

Помош на пат 24 часа на ден, 365 дена во годината. Ако имате дефект или дупнат пневматик, немате гориво или едноставно ги изгубите клучевите, потребен е само еден телефонски повик и помошта ќе Ви биде достапна.

Гаранција

Фабричката гаранција на Volvo важи првите 3 години или 100.000 километри (што прво настапи) од датумот на испорака. Фабричката гаранција на Volvo за високонапонската батерија важи првите 8 години.

* Сервисирањето е предмет на одредбите и условите – деловите што се подложни на абење се ограничени и тука важат исклучоци – за повеќе информации, прашајте го вашиот продавач на Volvo.

Наведените карактеристики може да не бидат стандардни или достапни за сите нивоа на опрема и опции за погонот.

Google, Google Play и „Карти на Google“ се заштитени трговски марки на Google LLC.