360c
Иднината е електрична, автономна и поврзана.
Зошто да летате кога може да ве возат?
Замислете си дека имате состанок рано наутро во друг град. Имате две опции за да стигнете таму – краток лет преку локалниот аеродром, или целосно автономен и електричен начин за патување што може да ве однесе директно до местото на состанокот, избегнувајќи ги чекирањето, чекањето во редици, можното одложување на летот, безбедносните проверки и сè друго што е дел од патувањето со авион. Што би избрале?
Зошто да летате кога може да ве возат?
Замислете си дека имате состанок рано наутро во друг град. Имате две опции за да стигнете таму – краток лет преку локалниот аеродром, или целосно автономен и електричен начин за патување што може да ве однесе директно до местото на состанокот, избегнувајќи ги чекирањето, чекањето во редици, можното одложување на летот, безбедносните проверки и сè друго што е дел од патувањето со авион. Што би избрале?
Лично, удобно, практично
Во не толку далечна иднина, замислуваме свет во кој целосно автономните електрични возила го претставуваат одговорот на личните потреби за мобилност. Моделот 360c го развивме за да ја оживееме нашата визија за иднината. Индивидуалните потреби за мобилност еволуираат. Решенијата мора да нудат безбедно, еколошко, а сепак лично и удобно патничко искуство.
Безбедност на Volvo
Моделот 360c исто така нуди и предлог за стандардизиран автономен систем за комуникација меѓу возилата што ќе им овозможи на другите учесници во сообраќајот и автономни возила да знаат што ќе биде следниот чекор на 360c. Веруваме дека еден таков стандардизиран систем ќе игра клучна улога во тоа патувањето со автономни возила да стане безбедна и пријатна реалност.
Патување без чувство на вина
Моделот 360c ја носи визијата за тоа како може патувањето да се направи одржливо. Целосно електричните и целосно автономни 360c возила ќе им дадат слобода на луѓето да се движат непречено и без компликации. Нема веќе одложувања на летовите и чекирање на багажот. Моделот 360c е дизајниран да ве однесе од точка А до точка Б.
Урбан дизајн
Тоа што карактерот на личните потреби за мобилност се менува значи дека ќе треба да погледнеме како ни е изградена инфраструктурата и како ни се дизајнирани градовите. Со решенијата за мобилност што соодветствуваат на побарувачката, ќе се намали потребата за паркинг-места во центарот на градовите, со што ќе се ослободи простор за живеење, трговија или слободни активности.
Максимално користење на вашето време
Моделот 360c предвидува разни искуства врз основа на вашите потреби
Уживајте
360c вклучува неколку поставки за расположение дизајнирани да ви помогнат да се опуштите или да се забавувате за време на патувањето, со сите детали што ви се потребни.
Работете
Мобилното, целосно поврзано место за состаноци и работа значи дека може да ги завршувате обврските додека сте во движење.
Спијте
Патувате преку ноќ за утрински состанок? Зошто не си резервирате возило за спиење што ќе ве однесе до крајната дестинација целосно освежени?