
За секоја ваша страна.
Откријте го нашиот компактен plug-in хибриден теренец – со подновени детали од дизајнот, посмел и посестран од кога било, каде и да ве однесе животот.



Запознајте го XC40 Recharge. Компактниот plug-in хибриден теренец дизајниран со намена за нашата планета – и конструиран за урбано возење.
Перформанси без компромиси
Со помош на неосетното поаѓање и моќното забрзување, секое патување со XC40 Recharge plug-in хибридот е сѐ попрефинето.
Современа внатрешност
Впечатливите нови детали во внатрешниот дизајн го вклучуваат изборниот син поден тапацир и современиот топографски декор.
Природна удобност
Зиме топло, а налето свежо – уживајте во природниот комфор, без кожа, со нашиот луксузен скроен тапацир од волнена мешавина.
Асистенција на патот.Тоа е во нашата ДНК.
Асистенција на патот.Тоа е во нашата ДНК.
Со четири камери што обезбедуваат преглед од 360°, нашиот систем може да ви помогне да се паркирате со самодоверба дури и во тесни простори.
Предупредувањето за вкрстен сообраќај со автоматска сопирачка го поддржува возачот кога враќа во рикверц со ограничена прегледност. Системот може да открива возила што преминуваат одзади и доколку е потребно, автоматската сопирачка може да се активира.*
Нашиот систем за известување за мртва точка (BLIS) обезбедува активна поддршка кога менувате ленти. Доколку постои ризик од судир со други возила во соседната лента, системот за известување за мртва точка (BLIS) може суптилно да го прилагоди управувањето, со што се помага вие, вашиот автомобил и вашите сакани да бидат таму каде што сакате.
* Функциите за поддршка на возачот не се замена за вниманието и проценката на возачот. Предупредувањето за вкрстен сообраќај може да има ограничена функционалност во одредени ситуации. Интервенцијата на сопирачката е активна само при помала брзина.
** Возилата, пешаците и велосипедистите што се движат во иста насока со автомобилот, може да бидат откриени во определени брзини и услови. Системите за откривање зависат од тоа објектите да бидат осветлени и бараат предните и задните светла на возилото да работат кога е темница. Возачот цело време останува одговорен за безбедно возење.
*** Функциите за поддршка на возачот не се замена за вниманието и проценката на возачот. Поддршката за управување е активна на брзини помеѓу 60-140 km/h.
Дизајнирајте го вашиот живот. Имајте контрола во секој километар од патувањето со интуитивна удобност и карактеристики за практичност.

Патувајте со стил
Преку сенаменското складирање, квалитетните материјали и изработка и извонредната удобност, возачот и совозачот уживаат во луксузно патување на повисоко ниво.
Паметно складирање
Внатре ќе ги откриете паметните решенија за складирање на шишиња за вода, спортски торби, телефони, лаптопи, па дури и закачалки за ќесите со купените намирници или нарачаната храна за носење.
Поздрава средина во кабината
Напредниот систем за прочистување на воздухот постојано ги мери и ги филтрира штетните честички и поленот, што придонесува кон здрава средина во кабината.
Истражете други модели


Volvo XC60 Recharge
Вграден Google и возбудливо plug-in хибридно возачко искуство – нашиот теренец од средна големина е попаметен, како и да го гледате.
Повеќе информации за XC40 Recharge
Наведените карактеристики може да не бидат стандардни или достапни за сите стилови и опции на моторот.