Дизајн на внатрешноста

Од поблиску погледнете во целосно електричниот XC40 Recharge.

Портретен инфо-забавен екран и два отвора за воздух во целосно електричниот Volvo XC40 Recharge.
Близок кадар на кристалниот менувач во црната централна конзола на целосно електричниот Volvo XC40 Recharge.

Нагласувања на дизајнот

Тапацир без кожа во Volvo XC40 Recharge.

Внатрешност без кожа

Сите ентериери на целосно електричниот XC40 Recharge се создаваат без користење кожа. Изберете го нашиот ексклузивен тапацир Tailored Wool Blend за елегентен скандинавски амбиент – подеднакво удобен без разлика дали времето е топло или ладно.

Делумно рециклирани патосници и тапацир во Volvo XC40 Recharge.

Одржливи материјали

XC40 Recharge е достапен со делумно рециклирани навлаки и патосници – поодржлив избор, како и визуелно хармонизирани карактеристики на дизајнот на внатрешноста.

Задно осветлен амбиент

Полупровидната задно осветлена декорација инспирирана од топографијата, создава природен, пријатен отсјај и современа атмосфера во кабината.

Паметни решенија за складирање товар во целосно електричен Volvo XC40 Recharge.

Паметно складирање во кабината

Внатре ќе откриете паметни решенија за складирање за шишиња за вода, спортски торби, телефони, лаптопи, храна за носење и многу други работи.

Просторот за складирање товар, направен попаметно

XC40 Recharge Ви дава поголем, подобар и посестран склад отколку што би очекувале од компактен SUV, без компромитирање на удобноста или безбедноста. Тој има простор за складирање под подот, склад за предно полнење и голем заден багажен простор што е лесен за пакување, без праг и рамен под за товарење кога ги преклопувате седиштата.

Спокојна, удобна и ергономски оптимизирана кабина на Volvo XC40 Recharge.

Дизајниран за вас

Црпејќи инспирација од скандинавската естетика, XC40 Recharge ги спојува функционалноста, едноставноста и вештата изработка. Спокојната, удобна и ергономски оптимизирана кабина содржи софистицирани седишта со висока положба на седење и координирано управување за поудобно возење со повеќе контрола.

Отворено небо

Панорамскиот кров што се отвора и навалува создава прозрачен амбиент што го подобрува секое патување. Електричната заштита за сонце го намалува отсјајот во сончеви денови, а ламинираното затемнето стакло ги зголемува удобноста и безбедноста.

Наведените карактеристики може да не бидат стандардни или достапни за сите нивоа на опрема и опции за погонот.

Google, Google Play и „Карти на Google“ се заштитени трговски марки на Google LLC.